Протеински леб со овесни снегулки

Рецептот е за 10 кришки леб.
Состојки:
• 500 гр свежо сирење
• 250 гр овесни снегулки
• 3 цели јајца
• 2 гр сол
• 2 гр сода бикарбона
• 2 супени лажици маслиново масло
• 10 гр ленено семе
Подготовка:
Во сад ставете го свежото сирење, јајцата, солта и содата бикарбона и се измешајте добро.
Потоа додадете маслиново масло, ленено семе, и на крајот овесните снегулки.
Смесата добро промешајте со дрвена лажица се додека не стане хомогена и глатка.
Тавата обложете ја со алуминиумска хартија.
Истурете ја смесата во тавата и печете околу 45 минути на 170 степени додека не добие златна боја.
Нутритивни вредности по кришка :
Енергетска вредност: 135 kалории
Протеини: 9,8 гр
Масти: 3,2 гр
Јаглехидрати: 15,7 гр