ПРОТЕИНСКИ ПАЛАЧИНКИ СО ЈАБОЛКА И ЦИМЕТ

Autumn pancake stack with baked apples, pecans and cinnamon topped with maple syrup, table scene
Состојки:
1 или 2 исечени јаболка
четвртина шолја овесно брашно
четвртина шолја протеин ванила ( или казеин)
1 цело јајце
1 белка
3 лажици млеко
1/2 лажица цимет

Подготовка:
Ситно сечканите јаболка ги варим лесно во многу малку вода (доволно е 5-8 минути) Доколку сакате да добиете послатка каша, во јаболката додадете течна стевиа (или во прав).
Подготовка на смесата:
Јајцата и белките се ставаат во блендер и убаво се мешаат да се добие пена.Потоа постепено се додаваат останатите состојки (овесна каша, протеини, млеко и цимет).
Загрејте ја тавата за пржење (нелеплива), ставете малку маслиново масло врз неа. Потоа истурете ги палачинките.
Кога ќе ги испечете сите палачинки, наредете прво една палачинка, па преливот јаболко и така натаму (јас користам 3 слоја палачинки) за да се добие мини колач што на крајот го посипувате со преливот (ако сакате можете да го посипете со цимет и мелени ореви или лешници…)
Пријатно!!!