ПУЛОВЕР СО ТЕГ ЛЕЖЕЈЌИ НА РАМНА КЛУПА (DUMBBELL PULLOVERS)

Мускули на кои вежбата примарно делува: средни градни мускули (middle pectoralis major, sternal head).
Секундарни мускули кои учествуваат во извршувањето на оваа вежба: triceps brachii, serratus anterior, latissimus dorsi.
Кога да ја правите оваа вежба? – На крајот на тренингот на гради.
Легнете на клупата и фатете го тегот со двете раце над градите.
Полека спуштете го тегот во полукружно движење надолу се додека предните делови на рамото не ја допрат клупата.
Погледот е насочен нагоре а лактите се во текот на целото движење кон внатре.
Потоа повторно подигнете го тегот со полукружен покрет нагоре до стартната позиција.
Вежба може да се прави на начин да се лежи на грб во насока на клупата (како што е прикажано на сликата) или да лежите во обратен правец на клупата.