РАЗВЛЕКУВАЊЕ КАБЕЛ ЗА ГРАДИ – ДОЛНА МАКАРА (CABLE FLY)

Мускулите на кои вежбата примарно делува: средни пекторални мускули (middle pectoralis major).
Секундарни мускули кои учествуваат во изведувањето на вежбата: anterior deltoid.
Кога се прави оваа вежба? – При крај на тренингот на мускулите на градите.
Со грб легнете на рамна клупа сместена меѓу уред со две долни cross макари.
Фатете ги држачите на долната макара и повлечете ги точно над средните гради така што речиси да се допираат а држете ги на начин така што палците да се свртени еден кон друг.
Спуштете ја телесната тежина во полукружно движење (во форма на лак) на ниво на градите се додека рамената и градите во целост не ги истегнете.
Додека тежината ја спуштате рацете во целост не ви се испружени односно благо ви се свиткани во лактите.
Вратете ја тежината назад во почетната позиција кревајќи ја тежината на форма на лак кон нагоре.
Издишувате при подигнување а вдишувате за време на спуштање.
Важно е да се напомене дека тежината никогаш не се спушта на ниво кое е пониско од нивото на градниот кош бидејќи тоа носи ризик од повреди на рамениот зглоб и не се препорачува да се врши вежбата со големи тежини.