Различни видови на шипки и нивната намена

Сигурно сте забележале дека постојат различни видови на шипки кои се користат за време на тренинг.
Сте слушнале или сте имале можност да видите Олимписка, стандардна, ЕЗ шипка…
Сепак, многу почетници не ги знаат разликите во намената помеѓу споменатите шипки.
Во текстот ние накратко ви ги објаснуваме корисните факти за шипките кои се користат за време на вежбањето со тегови.
ОЛИМПИСКА ШИПКА
Олимписките шипки се златен стандард. Обично Олимписката шипка е долга околу 2 метри и тежи 20 кг.
Постојат голем број на стилови а цената зависи од гаранцијата на производителот и квалитетот на изработка.
Олимпискite шипка koi се користат во традиционалното кревање тегови се нешто поеластични од оние кои се користат во powerlifting. .
На крајот на шипката има овално лежиште со дијаметар од 51 мм, затоа не се обидувајте да ставите плочи чии отвор е помалку од претходно споменатиот дијаметар на овалното лежиште.
Овој вид на шипка се користи:
– Ако кревате многу големи тежини
– Имате доволно простор во просторијата во која вежбате
– Планирате да се занимавате со powerlifting
СТАНДАРДНА ШИПКА
Обично избор на вежбачи кои вежбаат дома.
Дијаметарот на шипкава е 25,4 мм а со оглед дека нема овално лежиште на своите краеви, на нејзе може да ставате плочи и со поголем дијаметар.
Обично е пократка од Олимписката шипка но и полесна. Стандардните шипки се обично тешки 10 килограми и е многу тешко да се најде стандардна шипка која можат да издржи тежина како Олимписките шипки.
ЕЗ ШИПКА
ЕЗ шипката или кривата шипка е свиткана со цел да го намали притисокот врз рачните зглобови за време на прегибите и другите вежби.
Обично ја користат бодибилдерите за да успејат да кренат поголема тежина отколку со стандардната шипка и со помалку оптеретување на рачните зглобови.
Иако оваа шипка првично беше наменета за прегиби, можете да ја користите и за некои вежби за трицепс, како лежечка трицеп секстензија, бенч потисок со тесен зафат и слично.
Можете да ја најдете и во стандардна и во Олимписка верзија.
Во прилог на споменатите шипки постојат и други додатоци со кои може да се судрите како на пример ТРИЦЕПС ШИПКА кој овозможува паралелен зафат што ја користиме за време на вежбите за трицепс.
ТРАП ШИПКА веројатно многу ретко се среќаваат и обично се користат од страна на луѓе поради болка во долниот дел на грбот не се во можност да користат стандардна или олимписка шипка за време на вежбање мртво кревање.