Рецепт за пудинг од чиа семе и цреши

Чиа семињата се меѓу најбогатите растителни извори на омега-3 масни киселини, содржат повеќе од порција лосос.
Кога се мешаат со течност, семиња нараснуваат и стануваат како пудинг, но со многу повеќе хранливи бенефити како зголемување на енергијата, помагаат при варењето на храната и стабилизирање на шеќерот во крвта.
Ако додадете цреши во миксот, кои не само што ќе го подобрат вкусот, исто така се полни со антиоксиданси, витамин Ц, калиум и растителни влакна.
СОСТОЈКИ
За пудинг:
2 и1/2 чаши ниско калорично млеко
1/2 чаша цреши (без коска и пресечени на пола)
1/2 лажичка цимет
1 лажичка Стевиа
1 лажичка екстракт од ванила
1/2 чаша чиа семиња
За кремот:
2 изматени белки од јајца
1/4 чаша цреши (без коска и пресечени на пола)
2 лажици ладна вода
1/4 лажичка екстракт од ванила
1/8 лажичка стевиа
ПОДГОТОВКА
1- Ставете го млекото, црешите, циметот, Стевиата и екстрактот од ванила заедно во миксер и миксајте додека смесата не се изедначи.
Истурете ја смесата над чиа семињата и измешајте темелно.
По 10 минути се промешува повторно. Покријте и оставете во фрижидер најмалку 3 часа или преку ноќ.
2- За да го направите кремот, мешавина на цреши вметнете ја во блендер и миксајте додека не се изедначи смесата во пире.
3- Пред сервирање, поделете го пудингот во 4 чаши; прекријте го со крем и украсете го со цреши.
НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ
• 260 калории
• 11 гр масти
• 32 гр јаглехидрати
• 114 мг натриум
• 13 гр влакна
• 9 гр протеини.