Рибино масло – благодет за организмот и столб за силен имунитет

Се сеќавате ли кога бевте деца и на училиште ви даваанекаква течност во лажица со одвратен вкус и мирис, односно тоа беше рибино масло, кое сигурно до денес не сте го заборавиле? Или тоа беше во капсули?
Тоа беше задолжително да се пие со цел да го зајакне имунолошкиот систем, особено во зимскиот период.
До пред одредено време храната се уште не беше со толку низок квалитет за да моравме да консумираме додатоци, но сепак рибиното масло редовно беше на менито кај децата.
Не е ни чудо што тоа се нарекува најстариот додаток во светот.
Сега рибиното масло е далеку пософистицирано и го нема повеќе тој ужасен вкус. Можеме да го најдеме со вкусови на јагоди, портокали, праски; особено оние кои се наменети за деца.
Поради променливите временски услови и лошиот квалитет на храната (нашиот лекар не советуваше да одгледуваме сопствен лимон на балконот бидејќи лимонот во продавницата не вреди за ништо), која често е несоодветна и неправилна (што може да се каже во најмала рака за тоа што го нарачувате во паузите за ручек) се чини дека рибино масло е нешто кое дури би требале самите да го посакуваме.
Сега веќе секој знаедека треба да се пази од високото ниво на лошиот холестерол,а да го поттикнува оној добриот кој ги штити крвните садови на срцето и вените и го намалува ризикот од срцев удар.
Едно истражување докажа дека помеѓу преживеаните од срцев удар,земањето на рибино масло дневно во рок од 3,5 години го намалило ризикот од смрт дури за неверојатни 50%.
Поради тоа не е чудно што Ескимите кои секојдневно консумираат големи количини на мрсна риба, скоро никогаш не страдаат од срцеви болести.
Значи, не мора да сте срцево болни за да почнете со земање на рибино масло.
Не само заради превенција од кардиоваскуларни болести, туку може да користите рибино масло и за подобрување на циркулацијата и крвната слика.
Исто така мозокот, а особено оној кај децата се храни од омега-3 масни киселини.
Лекарите го препорачуваат особено за тие што живеат во области со слаба понуда на сина риба па затоа ја јадат многу ретко.
Ако немате најмалку 2 порции риба неделно, особено плава или мрсна риба, во тој случај омега 3 масни киселини би биле пожелни во вашата исхрана.
Рибиното масло ќе ви помогне при лекување од депресија, стрес и анксиозност, ќе придонесе за цврстина и маса на коските, за подмачкување на зглобовите призголемен напор, па и болките ќе исчезнат, и за крај и покрај тоа што омега 3 е маснотија односно масна киселина, таа ќе ви помогне за одржување на витка линија и ќе го забрза процесот на слабеење.
Особено ако маснотиите од животинско потекло ги замените со маснотииод риби и морски плодови.
Таа го потпомага зголемувањето на оксидацијата на мастите во масните клетки.
Таа ги “чисти” маснотиите по јадењето, затоа како додаток таа е најдобро да се зема со храна, бидејќи на тој начин се спречува нејзиното оксидирање.
Се разбира, омега 3 масните киселини може да ги внесете во телото преку јадење на поголема количина на плава риба како туна, скуша, пастрмка, сардини, лосос …
Значи, вие не морате да трошите големи суми на пари за квалитетна риба, која како и многу други јадења во последниве години е преценета, но можете и умно да одберете свежа и квалитетна риба која е популарна за нашето поднебје а истовремено е и евтина, и на тој начин да го добиете истиот ефект ако не и подобар земајќи вопредвид дека многу риби се долго чувани во ладилници и контејнери пред да дојдат на нашата трпеза.
Добри извори на омега-3 масни киселини се и јаткастите плодови како ореви, семки и ленено масло и секако маслиновото масло.
Со термичка обработка на маслото се намалува неговата ефикасност, па затоа е најдобро да се консумира како дел од салати, или како зачин и прелив на јадењата. најважно е да го имплементиратекако начин на живот, бидејќи така ќе имате најголема корист.
Значи, консумирајте риба три пати неделно со маслиново масло, или свежо сирење за вечера, зачинето со ленено семе или со лажица ленено масло…
Пред да навратите во аптеките во потрага по квалитетен суплемент од рибино масло, проверете ја чистината на маслото кое го купувате и реномето на производителот во однос на понудената цена.
Изборот на масло или капсули е важен само според вашиот начин на живот (полесно е да носите со вас капсули отколку шише сируп).
Користете го редовно како суплемент и ќе ја забележите разликата, за почеток вашиот имунитет успешно ќе се спротивстави на повеќето настинки и вируси во зима.