Рони Колман повторно учи да оди

Рони Колман живата легенда на бодибилдингот, осум пати добитник на титулата г-дин Олимпија и по обемите најголемиот шампион некогаш, со години се бори со последиците од лошата страна на успешната кариера, која во последните неколку дена го доведе до седмиот оперативен зафат.
Тешката повреда на грбот која му остана заедно со осумте титули како прв бодибилдер во светот, е нешто што треба да се смета за природен тек на нештата, кога ќе се земе во предвид дека 20 години секојдневно телото му беше изложено на предизвици како кревање 360 килограми во сквотот и дури и 1 тон на ножна преса.
Најуспешниот Мистер Олимпија, за кои може да се рече дека заедно со познатиот Арнолд Шварценегер во јавноста е вистинска икона на бодибилдингот, пред себе има долг процес на опоравување, но и понатаму не се откажува и сака да тренира додека е жив, вели дека би променил само една работа кога би добил шанса да ги поправи грешките од минатото.
“Дали сепак сакате да бидете како мене, да имате иста работна етика како што имав јас некогаш? Па, како што може да видите јас сум 8 пати победник на Мистер Олимпија, кој не може да оди.
Претрпев 11 часовна обемна операција на грбот, напиша Колман на својот профил на Инстаграм и не фасцинира со изјавата:
“Дали жалам за нешто? Ако имав шанса да правам се одново, дали би променил нешто? Да, ако имам шанса да направам се повторно, би променил само една работа.
Тогаш правев сквотови со 360 килограми, би правел четири повторувања наместо 2, само за тоа жалам во мојата кариера.
Тие 2 повторувања што ги правев ме прогонуваат до ден денес, бидејќи Знаев дека можам да направам 4 но кукавицата во мене правеше само 2. За ова единствено жалам”.
Иако во инвалидска количка и практично повторно учи да оди, “Биг Рон” веќе прави кардио вежби на сопствен велосипед кардио уред, истакнувајќи дека може да работи 30 минути, а целта му е да напредува на 45 минути, па на еден час и како во старите денови кога се спремал за г-дин Олимпија и по два часа и конечно повторно да прооди.