Руски твист – вежба за стомачните мускули

Со неколку серии на овие вежби ќе добиете убаво обликувани стомачни мускули, и затегнат стомак, не само на предните делови туку и на страничните делови од градниот кош.
Вежбата ја правите со тоа што ќе земете тежината од 5 до 10 килограми во зависност од вашата моментална физичка спремност.
Тежината може да биде еднорачен тег, кружна плоча, кетбел или топка но кружната плоча во овој случај е најсоодветна за оваа вежба.
Седнете на подот со колената свиткани под агол од 90 степени, трупот мора да ви биде малку навален наназад, формирајќи агол од 45 степени.
Цврсто држете ја оваа позиција. Тежината држете ја точно пред вас, со исправени раце.
Започнете со движењата на рацете, ги туркате на едната страна колку што можете посилно и истото го правите на другата страна во иста позиција.
Овие движења, лево и десно, формираат една серија. Направете 3 серии од 8 до 12 повторувања на крајот на тренингот.
Внимание !
Силата која ја користите, мора да доаѓа од стомакот, а не од рамото или раката.
Целото тело треба да биде укочено во почетната позиција, единствениот дел од телото што треба да се движи е торзото.