Салата од краставици со прелив од посна урда

Со оглед на тоа дека има зеленчук и посна урда како извор на протеини, урдата содржи казеин (бавно растворлив протеин). Овој оброк е идеален еден или два часа пред тренинг.
Не треба многу време да се подготви а ќе добиете доволно хранливи материи пред тренингот.
Ова е исто така и ниско-јаглехидратна опција за оние кои внимаваат на внесот на јаглени хидрати.
Состојки:
-100 g посна урда
-100 g кремаст ниско-јаглехидратен кашкавал
-50 g ниско-масен јогурт
-1/2 мала лажичка мешавина од медитерански зачини
-5 g маслиново масло (1 мала лажичка)
-5 g јаболков оцет
– сецкан лук и други зачини по вкус
-200 g свежи краставици (1 краставица средна големина).
Начин на подготовка:
Сите состојки освен краставицаta ставете ги во блендер. Нека се излади смесата во фрижидер. Bо меѓувреме излупете ги и исечете ги краставиците. На крај измешајте заедно.
Нутритивни вредности:
Енергетска вредност: 230 ккал
Протеини: 26g
Јаглехидрати: 13 g
Масти: 7 гр