САМО 3 ВЕЖБИ ДНЕВНО ЗА ЦВРСТ И ПОДИГНАТ ЗАДНИК !!

Овие три едноставни вежби за согорување на масти и обликување на мускулите на задникот ќе ви одземат само три минути од вашето време дневно, а доколку редовно ги практикувате за кратко време ќе забележите како вашиот зандик станува се поцврст и поцврст.
За ова минимално вежбање едноставно немате изговор!
Потребно е да издвоите само 3 минути дневно и малку простор во дневната соба, а вежнбите з аубаво обликуван задник можете да ги правите додека гледате телевизија. Да, толку се едноставни!
Вежба 1 – 1 минута
Застанете зад наслонот на столче од трпезаријата и со едната или со двете раце фатете го наслонот како поддршка.
Пренесете ја тежината на телото на левото стапало, земете воздух и подигнете ја десната нога наназад колку што можете повисоко, но внимавајте кичмата да ви остане цврста.
Задржете ја тука ногата една до две секунди. Издишете и спуштете ја ногата.
Повторете го ова триесет секунди со едната нога и триесет секунди со другата.
Вежба 2 – 1 минута
Ставете ја левата рака на столицата како потпора. Стапалата нека ви бидат рамни, а исто и колковите.
Сега подигнете ја десната нога колку што можете повисоко, но странично!
Не наназад! Задржете јагоре секунда до две, а потоа спуштете.
Повторете ја оваа вежба по 30 секунди за секоја нога.
Вежба 3 – 1 минута
Најобичната вежба за чучњеви (сквотс) е одлична за обликување на мускулите на задникот. Но многу е важно правилно да ги изведувате!
Стапата ви се раширени истата должина колку што ви се рамениците.
Полека спуштајте го задникот како да сакате да седнете колку што можете без да ги подигнете петите од подот!
Исто така, колената не смеат да ја поминат линијата над ножните прсти напред. Грбот е исправен, а погледот кон напред!