Светлиот тен и шминката

Не обидувај се да го смените типот на кожата што го имате, туку едноставно прифатете го тоа.
Светлиот тен е секогаш во мода, па затоа уживајте во своја кожа и чувствувајте се удобно и убаво во неа. Еве неколку совети со кои може вашата кожа да изгледа поздраво.
Заштитен фактор
Девојките со светол тен и понатаму треба да водат сметка за кожата и затоа е многу важно да се избере производ со заштитен фактор.
Не е на одмет ни заштита за очите, како што се очила за сонце кои се секогаш во мода.
Пудрата за лице е непријател
Голем број на жени со светол тен се одлучуваат за пудра за подобрување на својот тен. Но, за овој тип на кожа е многу покорисна и поздрава ББ крем.
Користете кафеава маскара и молив
Кафеава маска и молив за очи убаво ќе ги нагласат вашите очи и подобро ќе се вклопат со вашиот тен од црна маскара и црн молив за очи.
Слободно користете светли нијанси на кармин
Ако остатокот од шминката ви е едноставен, карминот може да биде во центарот на вниманието и не се плашете да користите посветли нијанси.
Силни производи не се за вас
Луѓето со светол тен и имаат тенденција да имаат чувствителна кожа, така што треба да користите поблаги производи.
Изберете соодветно руменило
Руменилото одлучува за изгледот на вашето лице. Затоа, бидете сигурни дека користите соодветно нијанса на руменило кое е сјајно.