Секојдневниот замор регулирајте го со храна !!

Се чувствувате слабо, уморно и не ви се прави ништо? Дремете на работното место?
Не треба да посегнувате по енергетски пијалоци. Обидете се со некој од овие производи и сигурно ќе ве преплави енергија.
Спанаќ
Постои ли нешто што спанаќот не може да го реши? Полн е со хранливи материи – влакна, витамин К (за коските), лутеин (за очите), а некои истражувања покажуваат дека им помага на мускулите при вежбањето.
Во него има и многу железо, што значи дека може да ве „крене“ кога сте уморни.
Сок од портокал
Витаминот Ц помага во производството на карнитин кој маснотиите ги претвора во енергија.
Чашата цеден сок од портокал, плус доволно овошје и зеленчук (пиперка, брокула, јагоди) и ќе пукате од енергија.
Банани
Уште една чудотворна намирница полна со хранливи материи.
Бананата ќе ви даде енергија и ќе го одржи стабилно нивото на шеќерот во крвта.
Јајца
Протеините од јајцата, особено оние од белката ни помагаат да останеме будни и да ја одржиме концентрацијата.
Грчки јогурт
Кремавиот деликатес ќе ви даде двојно повеќе протеини од обичниот јогурт што ќе ви помогне во одржувањето на енергетското ниво.
Киноа
Оваа житарка кај нас е занемарена, а може да се набави во продавниците за здрава храна.
Нејзините сложени јагленохидрати го одржуваат нивото на шеќер во крвта, што значи дека енергијата нема нагло да ви падне.