Сексот и работата

Истражувањата покажуваат дека мажите и жените (иако во поголем процент) се изложени на сексуална злоупотреба и малтретирање на работа што вклучува несакани коментари, сексуални понуди, уцени, несоодветни допирање, невкусни шеги.
Исто така, постојат стереотипи во врска со сексуалноста на жените: така предизвикувачки се облекуваат за на работа, стегнати, а потоа се прават фини; зошто полудуваат кога ќе им се предложи секс кога се смеат кога некој им се набацува? носат мини здолништа, така што сите мажи полудуваат по нив, и кога треба да се премине на “работата” тие се изненадени – тие предизвикуваат со своите сексуални атрибути и со нив се користат за да ги контролираат мажите.
Зошто секогаш пријателски се смешкаат додека зборуваат со шефот, ако тој не им се допаѓа како човек.
Од друга страна, пак, се евидентни и стереотипи за мажите кои исто така формираат комуникациски кодови во компаниите: Мажите се секогаш подготвени за секс, колку мажот има повеќе пари или ако е на повисока позиција тој е повеќе мажествен, мажите се секогаш рационални, но никогаш не се емотивни, тие не знаат за чувствата, само за секс? моќен маж е вистински маж, мажот треба да биде доминантен и агресивен, но никогаш чуствителен, мажите обично се полигамни – што повеќе жени имал-толку е поголем фраер.
Се чини дека има “шум” во каналот за комуникација меѓу мажите и жените, кој во голема мера предизвикува стереотипи и предрасуди за спротивниот пол, како и за сексуалните желби и “ниските” страсти.
На пример, ако хипер феминизирана жена многу предизвикувачки се облекува, се смешка и срдечно се однесува со мажите, тоа не значи дека таа е желна за секс со сите мажи кои се вработени во компанијата.
Тоа едноставно може да значи дека таа е воспитана да изгледа убаво и пожелно, или дека е социјализирана во современите вредности и сака да биде маркантна.
Покрај тоа, можеби сака само внимание или едноставно изгледа преубаво и атрактивно и е забележана од околината.
“Од друга страна, ако се има предвид дека жените се уште не е се во еднаква положба ниту моќ како мажите, јасно е дека се користат со сите можни средства за да си го обезбеди статусот” – вака размислуваат некои типови на личности од двата пола.
Сепак кодексот на однесување и облекувањ е еден вид на нејзина приватна стратегија, сепак сите ние сме различни личности и различно гледаме на работите.
Жената која знае дека може да направи многу во бизнисот или да напредува, нема потреба да се врзува за силен и успешен маж, таа се потпира на сопствените вештини и способности, сепак има и такви жени кои своите атрибути ги користат за подем во кариерата и бизнисот.
Има и мажи кои ги користат истите принципи да би биле успешни во бизнисот и кариерата, но има и способни мажи кои своите квалитети ги знаат и свесни се за своите успеси и правилно се однесуваат и еманципирано ги третираат своите колешки.
Секако оваа поврзаност помеѓу мажите и жените може да биде поинтимна, сексуална или пријателска, сепак треба да биде професионална и да не влијае на бизнисите во деловниот свет и да не создава сопернички односи помеѓу нив.
Исто така ова соперништво не мора да биде само помеѓу мажот и жената во деловниот свет.
Овој сопарнички однос може да се случи и помеѓу двајца мажи или меѓу две жени, понесени од нагонот за успех, пари и кариера.
Постојат и различни геј бизнис приказни, но за нив во медиумите поретко се пишува, иако и тие имаат ист емоционален и сексуален интензитет, и обично завршуваат како дискриминацијата против хомосексуално- ориентираните вработени.
Меѓутоа, во однос на сите овие наведени тенденциски односи на работното место, треба да бидат врз основа на меѓусебно почитување, разбирање, сочувство, толеранција и само-разбирање и само-едуцирање, со цел да се подобри квалитетот на животот на сите нивоа.