Секс – пози за секоја просторија во станот

Долго сте во врска или во брак, а сексот се претвори во рутина?
Излезете од спалната соба и искористете ги другите простории во станот за да ја разбудите страста и добро да се забавувате!
Трпезарија
На кого му треба кревет ако на располагање имате голема маса?
Легнете или седнете на неа и испробајте најразлични пози.
Не заборавајте дека и столиците исто така можат да се искористат за добар секс.
Салон
Во оваа просторија имате многубројни опции.
Подот, столиците, фотелјата, троседот или двоседот.
Сами изберете која поза најмногу ви одговара.
Кујна
Психолозите тврдат дека мажите се „луди“ по сексот во кујна, бидејќи тоа го поврзуваат со храната и со чувството дека некој се грижи за нив.
За секс секогаш можете да ја искористите работната површина, и тоа на неколку начини.
Ходник
Во овој дел од куќата или од станот, позите зависат исклучително од тоа дали имате дополнителен мебел што можете да го искористите.
Но, макар и ако имате само ѕид, потпрете се на него со предниот дел од телото, раширете ги рацете и нозете, и препуштете му се на партнерот.
Балкон
Во топлите денови не ја пропуштајте можноста за секс на отворено и искористете ја вашата тераса бидејќи таа ви нуди посебен вид возбудување.
Бања
Релаксирачкото туширање може да заврши со одличен секс.
Доколку имате када, искористете ја за неколку пози за кои е потребно да се потпрете.
Не заборавајте ни на класичниот секс под тушот, а доколку ни тоа не ви одговара, тогаш вашиот партнер нека седне на поклопената ВЦ школка, а вие придружете му се.