Се за Helicobacter pylori

Helicobacter pylori е грам негативна бактерија со спирална форма, која егзистира во слузницата на желудникот на инфицираната индивидуа.
Таа е единствена бактерија која е во состојба да преживее во многу кисела pH- средина на желудникот со малку кислород на температура од 37 степени.
Helicobacter pylori е исклучително подвижна и поседува голема способност за пробивање на заштитната мукозна обвивка на желудникот, при што предизвикува оштетување и инфламација на слузницата.
Во својата агресивна инвазија успешно ги убива и имунолошките клетки особено доколку имунитетот на домаќинот е слаб.
На местото на оштетувањето доаѓа до ерозија која води до појава на чир и развој на улкусна болест.
Освен во желудочната слузница детектирана е и во плунката, во забните наслаги, во раничките во усната слузница и во изметот.
Појавата на тежина во желудникот, мачнина, подригнување, повраќање, подуеност или печење во горниот дел на стомакот и грлото, непријатен здив и воспаленија на усната слузница – ова се симптомите кои укажуваат на можна инфекција со Helicobacter pylori.
Дијагноза
Дијагнозата се воспоставува врз основа на неинвазивни тестови – со анализа на крвта, преку уреаза – издишувачки тест и фекален антиген тест.
Многубројните истражувања докажаа дека Helicobacter pylori е главен причинител за појава на гастритис, чир на желудникот и дванаесетпалачното црево ( 70 – 95 отсто ), а воедно е директно одговорна за појава на рак и MALT лимфон на желудникот.
Во 1994 год. од страна на C3O, Helicobacter pylori е прогласена за карциноген бр. 1, бидејќи предизвикува ерозија на заштитниот мукозен слој и воспаление на епителот на желудникот, доведувајќи до зголемена клеточна делба и создавање на енормно големи количини на слободни радикали кои предизвикуваат модификација на гените со потенцијален мутаген канцероген ефект.
Индивидуи со овој тип на бактериска инфекција имаат 4 пати поголем ризик да заболат од рак на желудникот.
Лекување на инфекција со Helicobacter pylori
Терапијата која се применува при инфекција со Helicobacter pylori се состои од комбинација на антибиотици, блокатори на лечење на киселина ( H2 – антагонисти и инхибитори на протонската пумпа ) и лекови кои ја штитат слузницата на желудникот.
Во моментот најчесто користена е т.н. “тројна”- терапија со два антибиотика надополнети со лек кој го блокира лачењето на киселината или протектив на слузницата на пр. ( azitromicin + amoksicilin + omeprazole ).
Ваквата терапија дава добри резултати, но не кај сите пациенти.
Голем број од нив не реагира соодветно на терапијата, па затоа се препорачува и дополнителна употреба на природни додатоци во исхраната во кои ќе помогнат во лекувањето. И најважно од се е начинот на исхрана, доколку не се промени исхранта нема да се постигнат добри резултати.