СИМПТОМИ КОГА ВРСКАТА Е ПРЕД РАСКИН…

Ако се пронаоѓате во овие симптоми тогаш побарајте стручна помош за надминување на кризата во врска:
Не се караме ниту расправаме!
Иако постојаните кавги не се добри за врската, нивното целосно отсуство укажува за рамнодушност на партнерите.
Немаме секс
Отсуство на редовни сексуални односи обично е показател за проблеми во врската.
Повеќемесечни паузи се причина за загриженост. Сексот ја создава и ја одржува емотивната блискост.
Недостатокот на сексуалната желба обично е од психолошка природа.
Нашиот социјален живот се темели на групни излегувања.
Ако чувствувате потреба да се дружите со многу луѓе, а не да бидете сами со партнерот, тоа е знак дека нешто не е во ред во вашата врска.
Ни се допаѓаат други луѓе
Некои експерти ја споредуваат здравата врска со комплетен оброк.
Значи, ако сте го изеле највкусниот оброк на светот, тогаш не ви е важно што ви нудат – едноставно ќе одбиете.
Ако се уште чувствувате желба да јадете, тоа значи дека апетитите не ви се задоволени.
Тајните ги задржуваме за себе
Несигурноста и недостатокот на доверба ја нарушуваат врската.
Од друга страна, основите на среќна врска се довербата и комуникацијата.
Заедничкото време го поминуваме во тишина
Ако во миговите кога сте заедно повеќе сакате да разменувате СМС пораки со другарка ви или гледате телевизија, вашата врска не е во лоша состојба.