СКВОТОВИ – ВЕЖБА ЗА ЗАТЕГНАТ ЗАДНИК

Оваа вежба активира големи мускулни групи кои работат истовремено, правејќи тоа да биде помоќно од изведувањето на било која друга вежба.
Многу девојки прашуваат што треба да преземат за да го зацврстат задникот. Најдобриот одговор се – вежбите со чучнување односно сквотови.
Овие вежби се и со право наречени уште и најдобри вежби за тој дел од женското тело.
Сквотовите активираат големи мускулни групи кои работат истовремено, правејќи тоа да биде помоќно од изведувањето на било која друга вежба.
Квадрицепсите, задникот и мускулите од задната ложа се максимално активирани во текот на изведувањето на оваа вежба, додека мускулите околу карлицата се активираат како стабилизатори и потпирачи за изведување на оваа вежба.
Мускулите кои служат за стабилизација се често и незабележливи, но тие нè штитат од непосакувани и неприродни движења, па со самото тоа и од повреди.
Во текот на изведувањето на сквотовите, стомачните мускули и мускулите од долниот дел на телото делуваат изометрички, држејќи ги градите во исправена позиција.
Истовремено, мускулите на карлицата ја поддржуваат работата на квадрицепсите и задникот и обезбедуваат правилно изведување на движењата.
За да го зголемите ефектот на оваа вежба, задникот притиснете го кога ќе се исправате, а карлицата поставете ја кон напред.
Според длабочината на спуштање, сквотовите т.е чучнувањата се делат на получучнувања, паралелни чучнувања и длабоки чучнувања, а дел од верзиите се двојните чучнувања, предни, задни, со или без тегови.
Вие пронајдете го токму оној вид на оваа вежба која вам најмногу ви одговара и која највеќе ќе почувствувате дека ви ги активира мускулите на задникот.
Сепак, ако празилно изведувате длабоки задни чучнувања со стапалата поставени во широчина на рамената, тоа би било полн погодок.
Дополнително, предноста на оваа вежба е што може да ја правите буквално било каде.
Значи, станете од столчето и направете 4×20 сквотови. Повторувајте го тоа секој втор ден, а тој труд ќе го наплатите со задоволството кога ќе го видите вашиот одраз во огледалото.