СКОКАЊЕ ЈАЖЕ – НАЈДОБРА КАРДИО ВЕЖБА ЗА СЛАБЕЕЊЕ!

Иако како деца кога сме скокале јаже не сме знаеле за ова, но ваквата активност е феноменална вежба за слабеење и обликување на телото.
Зошто е добро?
Веднаш треба да кажеме дека не е препорачливо за оние кои се претешки, бидејќи тие прво мораат да го променат начинот на исхрана и начинот на живот и постепено да ја намалат килажата, па тогаш да преминат на ваквите вежби.
Скокањето јаже е подобра вежба од трчањето, бидејќи е посигурна за зглобовите и колената.
Исто така ги зајакнувате и рацете и рамениците, но и стомакот и срцето.
Целото тело е во движење, а постојат мноштво забавни начини во потполност да го искористите јажето за согорување калории.
Покрај тоа, ова е една од најевтините вежби.
Но сепак, скокањето јаже не е толку лесно како што можеби ви звучи. Секако е ефективно, но и прилично напорно.
Кога ќе се обидете за прв пат, можно е да се изморите по само неколку минути. Исто така, фрустрирачки може да биде ако на почеток стартувате интензивно и не ви оди добро. Но, не се откажувајте.
Зацртајте си цел дека во првите неколку дена нема да се откажувате, и прескокнувајте го јажето 30 секунди без сопирање.
Како се прави тоа?
Додека не го земете јажето во раце, мислите дека тука нема ништо тешко. Но можете многу лесно да се заплеткате.
Постојат повеќе начини за скокање јаже, од обично до вкрстено. Главната грешка која ја прават сите е свиткувањето на колената.
Многумина мислат дека така е полесно, но е погрешно, помалку ефективно и нема добро да го фатите ритамот.
Кога скокате јаже најдобро е нозете да ви бидат благо раздвоени и истовремено со двете нозе да го прескокнувате јажето.
Најдобро е прво добро да ја совладате оваа вежба, пред да преминете на други комбинации.
Ова е вежба на која треба да работите, но кога ќе ја совладате пред вас е само период на успех.
Среќно!