Смути за добро утро

Одличен начин да го започнете денот полн со енергија.
По желба додадете листови од спанаќ, зелка или шумски плодови, ако сакате да ја подобрите хранливата вредност на овој вкусен смути.
Состојки:
• 1 средно црвено јаболко
• 1 средна банана
• 600 млг јогурт 0,5 масленост
• 100 млг млеко 0,5 масленост
• 20 бадеми
• 1/2 кафена лажичка цимет
• 1-2 коцки мраз
Подготовка:
Јаболкото и бананата исечете ги на парчиња, потоа заедно со другите состојки ставете ги во блендер и миксајте 30 секунди се додека не добиете густа смеса. Го украсувате по желба со било кое овошје или зеленчук.
Наместо мраз може да користите замрзната банана!
Можете да го пиете 3 пати на ден наместо ужина или замена за оброк.
Нутритивни вредности по чаша од 230 мл :
Енергетска вредност: 153 kалории
Протеини: 9,3 гр
Масти: 24,3 гр
Јаглехидрати: 4,6 гр