Смути од банана

Со конзумирање на овој пијалок добивате дополнителен удар на калциум како извор од сувите смокви.
Плус бананата обезбедува калиум, кој помага при повторното воспоставување на електролитниот баланс после исцрпувачкиот тренинг.
1 голема банана
3 големи суви смокви, натопени во вода најмалку 30 минути
1 чаша обичен ниско-масен јогурт
½ чаша млеко 1%
2 лажички црна меласа (засладувач)
30г (4 кафени лажици) протеин од сурутка
Совет: Сево ова го ставате во блендер. Ова смути може да се направи и со млеко од соја, кокосово или бадемово.
Калории: 315
Масти: 6,2