Смути од зелено Манго

Ако сте љубители на комбинирана банана и манго, ќе ви се допадне ова природно смути со мед и спирулина.
200 мл млеко 0,5 со ниска масленост
100 гр свеж спанаќ
100 гр насечено манго
1 исецкана банана средна големина
1 лажичка мед
2 супени лажички спирулина
Додадете ги состојките во блендер и матете додека не добиете хомогена смеса.
Овој енергичен шејк можете да го пиете пред тренинг или во утринските часови за да добиете повеќе енергија во текот на целиот ден.