Смути од кајсии

Состојки:
• 1 црвено јаболко
• 200 мл јогурт 0,5 масленост
• 4 кајсии
• 100 гр конзервиран или свеж ананас
• 2 гр цимет
Подготовка:
Исчистете го јаболкото и кајсиите. Доколку користите свеж ананас исто така излупете го и насечете го на парчиња.
Сите овие состојки ставете ги во блендер и измиксајте.
Додадете ги семките од кајсиите и јогуртот и продолжете со миксање.
Кога ќе добиете обединета смеса, веднаш сипете ја во чаша и од горе посипете цимет.
Во блендерот по желба додадете неколку коцки мраз или дирекно во чашата.
Уживајте во ова смути полно со витамини кое можете да го конзумирате во било кое време од денот.
Ќе ве држи сите наредните 3 часа по конзумирањето.
Нутритивни вредности :
Енергетска вредност: 222 kалории
Протеини: 14 гр
Масти: 15 гр
Јаглехидрати: 55 гр