Смути од јогурт со шумско овошје

Уживајте во шумските плодови, тие се одличен извор на витамини и минерали !
Состојки:
• 100 гр смрзнато шумско овошје
• 100 гр ниско-масен јогурт
• 200 гр ниско-масно млеко
• стевиа по желба
Подготовка:
Сите состојки вметнете ги во блендер и измиксајте додека не добиете изедначена смеса.
Веднаш се сервира.
Ако ова смути го оставите во фрижидер, пред да го послужите измешејте го уште еднаш бидејќи може да дојде до разретчување.
Доколку сакате ова смути можете да го направите само со малини, капини или боровинки.
Нутритивна вредност:
• Калориска вредност: 220 кцал
• Протеини: 7 гр
• Jаглехидрати: 14 гр
• Масти: 2,6 гр.