Смути со овесни снегулки

Ова е наш предлог за појадок за вас “Одлична мулти бомба” која ќе ве држи сити барем 4 часа !!
Состојки:
200 мл млеко по ваш избор
1 банана
50 гр овесни снегулки
10 гр суво грозје или сушенa брусницa
малку цимет
Подготовка:
Овесните снегулки потопете ги во млеко за да омекнат.
Сувото грозје оставете го прво десетина минути во топла вода, а можете да го замените и со сушени брусници.
Сето тоа измиксајте го со останатите состојки.
Нутритивни вредности:
Енергетска вредност: 320 kалории
Протеини: 13 гр
Масти: 4 гр
Јаглехидрати: 26 гр.