Смути со јогурт

Полн со протеини и превкусен. Направете го овој шејк и додадете една рака житарки ете брз и лесен појадок, кој ќе ви даде енергија до ручекот.
Се побрзо се живее, а ние мора да се потрудиме за да исхраната не страда поради тоа. Оваа варијанта не е штетна, но не дозволувајте тоа да претставува секојдневно решение за да го започнете денот.
За овој шејк требаат неколку состојки, кои најверојатно ги имате дома, и дефинитивно се достапни во секоја продавница:
– половина чаша млеко со ниска масленост (малку поскапа опција се бадемово, кокосово или оризово млеко)
– 1 лажичка мед
– 1 мала лажичка морско оревче во прав (количина по вкус)
– 1 мала лажичка цимет
– кокосово брашно според вкус
– 1 смрзната или свежа но исецкана зрела банана со средна
– 1 пакување (150 гр) јогурт со ниска масленост
Нутритивни вредности: 212 калории, 3.6 г масти, 14.2 г протеини, 32 г јаглени хидрати, 2 г влакна, 200 мг калциум.
Сите состојки освен јогуртот ставете ги во блендер и мешајте 2 минути додека смесата стане хомогена.
Потоа додадете го јогуртот и блендирај те додека смесата не се изедначи.
Со овој Шејк може да земете мешавина на овес, ленено семе, семки од тиква, ‘ржени снегулки, јачмен, соини снегулки …
Можете исто така да додадете јаткасто овошје (ореви,бадеми или лешници) и имате целосен оброк.