СОВЕТИ ЗА ФИТНЕС ПОЧЕТНИЦИ

Топлите денови бргу ни се приближуваат и токму сега е совршениот момент за започнување на фитнес тренинзите и враќање на вашето тело во топ форма.
Без разлика дали сте се одлучиле за аеробик, зумба или некој друг вид на фитнес, ние ви нудиме неколку совети за она што треба да го знаете пред да започнете во “походот” по вашата совршена фигура.
Објавете на социјалните мрежи !
Кажете им на вашите пријателки дека сте започнале со тренирање, објавете статус на Фејсбук. Зашто?
Гледајте на оваа “ОБЈАВА” како вид на мотиватор, бидејќи ако се откажете по вториот тренинг, ќе се чувствувате виновни и ќе се срамите од вашите пријатели.
Најдете си друштво за на тренинг
Знаете дека нема да биде лесно. Посебно не првите два или три тренинга. Но пронајдете друштво, одете заедно на тренинг.
Ќе имате ортак на кој ќе можете да му се жалите и кој целосно ќе разбира низ што поминувате.
Слушајте музиката за време на тренингот
Доколку не сте љубител на класичните вежби, одлучете се за алтернативниот фитнес кој е исполнет со забава и кој го поттикнува доброто расположение.
Зумбата е совршената замена за досадните и монотони вежби.
Но, за оние други форми на фитнес кои не вклучуваат музика, наполнете го својот мп 3 плеер со добра музика и нека времето поминато во вежбање ви “летне”.
Вежбајте постепено
Ова е златно правило за сите почетници: НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ ! Одете пополека, резултатите кога тогаш ќе се појават.
Нема потреба од истегнување на мускул или огромно воспаление на мускулите.
Позитивни мисли !
Сите имаме денови кога воопшто не ни се станува ни од кревет, а не пак да вложиме поголем физички напор како вежбањето.
Но, најдоброто нешто што може да го направите во тој момент е токму тоа, да станете и да се подготвите за вежбање, бидејќи токму тоа ќе ве ослободи од нерасположеноста и стресот.
Мислете на вашиот финален изглед !!
Иако процесот трае долго, секогаш морате да мислите на крајниот резултат.
Во најтешките моменти помислете само колку вашиот труд ќе вроди плод т.е. замислете какво тело ќе имате по напорните два месеци вежбање.