Совршено тело за само 6 минути вежбање

Колку пати сте размислувале за тоа како да се зачлените во фитнес-центар но недостатокот на време ве спречува?
Работите прекувремено, на смени и не можете да го синхронизирате вашиот распоред за работа со термините за тренинг за кои би издвоиле пари …
На видик ви е решение за кое сонувате! Само шест минути вежбање неделно и вашето тело ќе го направите баш како што отсекогаш сте сонувале!
Континуирано вежбање со минимално губење на време е доволно за совршена линија.
Краткорочно, но со интензивни тренинг сесии се добри за витка фигура, но исто така и за здравјето на луѓето.
Без прекумерно оптоварување, може да се постигнат одлични резултати!
Вежбање во интервали е добро за здравјето, на постарите лица им помага за да ја постигнат посакуваната форма без оптеретување на срцето, а добро е и за одвикнување од пушењето.
За идеална линија не треба да посетувате фитнес центар.
Можете да вежбате додека на каучот гледате телевизија, додека го чистите вашиот стан или за време на паузите на работа.
Препораките во некои научни литератури од порано покажа дека само со интензивно вежбање неколку часа може да ги постигнете саканите резултати, како што се возење велосипед на долга патека или шест часа пливање.
Но, последните истражувања ги фрлија овие тврдења настрана.
Мартин Гибала и неговите колеги од Одделот за Кинезиологија при Универзитетот Мек Мастер (Онтарио, Канада) формирале две групи на студенти.
Првата група возела е фиксен велосипед помеѓу 90 и 20 минути.
Друга група на студенти возела велосипед во интервали од 20 до 30 секунди, со брзи движења на највисоко ниво, инаку неподносливо за возачите.
По краток одмор, го повторуваале овој процес шест пати. Студентите од двете групи тренирале три пати неделно.
По две недели и двете групи покажале скоро исти резултати, иако првата група на студенти во крајна линија вежбале неколку часа неделно, а втората група само шест до девет минути.
Шест минути неделно, вклучувајќи го и времето поминато за загревање, одмор на мускулите помеѓу тренингот и на крајот на ладењето, се покажа како подобра опција од неколку часа макотрпна вежбање во континуитет.
Вежбање во интервали не е само добро за мускулите и за витка фигура исто така е добро и за здравјето на кардиоваскуларниот систем.
Затоа вежбајте кардио вежби на интервали !