Совршен рецепт за слабеење: Зелен разбивач на маснотии

Токму таков е овој пијалак кој лесно се подготвува и може да замени оброк или меѓуоброк.
Тој ќе ве засити, а високата доза на протеини од млечните масти ќе го поттикне согорувањето на калориите и мастите во организмот.
Правилната работа на метаболизмот треба да се стимулира со многу овошје и зеленчук.
Состојки:
– 50 гр нане
-50 гр свежа краставица
-1/2 банана
-50 гр конзервиран или свеж ананас
-150 мл немасен јогурт
-50 мл вода
-коцки мраз по избор
Подготовка:
Блендирајте ги сите состојки додека не добиете густа и кремаста зелена смеса.
Нутритивни вредности :
Енергетска вредност: 139 kалории
Протеини: 6.5 гр
Масти: 0.82 гр
Јаглехидрати: 30.6 гр