Содата бикарбона како замена за препарати за нега на тело и лице

Овој на прв поглед обичен, бел прашок во суштина неорганска хемикалија се користи во домашната козметика поради тоа што нема штетни ефекти и дава одлични резултати.
Ако сакате мека кожа и коса, побели заби и темелно негувани стапала, еве неколку потребни совети:
За нега на коса
Ако ја миете косата, додадете во шампонот една четвртина лажици сода бикарбона, која ќе биде најлесниот начин да ги одмиете сите препарати за обликување на косата кои претходно ги имате нанесено.
Се употребива и за отстранување на перутот.
Антиперспирант
Ставете малку сода бикарбона под пазувите за да го неутрализирате непријатниот мирис на телото и секако е одлична алтернатива за антиперспирант.
Паста за заби
Измешајте малку сода бикарбона со 3% хидроген пероксид и ќе добиете паста за заби која не содржи флуор.
Сретство за испирање на усната шуплина
Измешајте една лажица сода бикарбона со 2 мл вода и добиената течност убаво изматете ја.
Исплакнете ја устата со тоа и сите мириси ќе биде неутрализирани а бактериите уништени.
Пилинг за лице
Наместо да трошите пари на скапи препарати, помешај те сода бикарбона и вода во сооднос 3: 1.
Нежно тријте ја добиената мешавина на кожата, а потоа измијте се. Ова сретство можете да го користите секој ден.
Купка
Додадете половина чаша сода бикарбона во вашата купка за да се неутрализира киселоста на кожата, вака ќе ги исчистите мастите а вашата кожа ќе ви биде сјајна и побела.
За нега за стапала
Ставете три лажици сода бикарбона во леген со топла вода, потоа ставете ги нозете и нежно масирајте.
На крајот намачкајте ги нозете со крем или лосион и веднаш ќе почувствувате свежина.
За нега за раце
Прескокнете ги интензивните сапуни и нежно тријте ги рацете со сода бикарбона која ќе ги отстрани сите бактерии и непријатниот мирис.
Додадете неколку лажици сода бикарбона во течниот сапун, тоа сигурно ќе биде одлична комбинација.