Солариум – добри и лоши страни

Летото се приближува и сите ние сакаме да изгледаме ИН. За да се постигне тоа, потребно е да знаете каков тип на кожа имате.
Темниот тен останува во модата, но и светол тен за луѓе кои го сакаат тоа, секако, во изборот на најважна вашата желба.
И покрај фактот дека бледиот тен се обидува со години повторно да биде во мода, милиони жени и мажи сепак преферираат бронзен.
Бидејќи бронзениот тен нас како што велат рекламите не прави “потенки, посреќни и позадоволни со својот изглед.”
Со цел за да се постигне темен тен, многу луѓе се изложуваат на сонце кога и колку што можат, а не ретко се интервенира и со вештачки извор на ултравиолетова светлина, а тое е солариумот.
Одење на солариум за да имаме темен тен, може да не направи многу поубави, среќни и посигурни во себе, но не значи дека тоа е здраво за секого.
И покрај предупредувањата, но исто така и фактот дека денес се повеќе и повеќе се зборува за штетните ефекти на УВ зраците односно на солариумот, темниот тен е поважен од грижата за сопственото здравје, особено кај младите девојки.
За да се има темен тен денес стана прашање на престиж, како и синоним за здравје, младост и добра форма.
Битки околу тоа дали солариумот е повеќе или помалку штетен од сонцето, се водат постојано.
По едни “експерти” солариумот е здрав, бидејќи УВ зраците се контролирани, а по други “експерти” сонцето е поздраво од солариумот.
Општо земено од здравствена гледна точка, солариумите немаат добри страни.
Лоша страна е тоа дека зрачењето од солариумот е поопасна од зрачење од сонцето на пладне, иако производителите тврдат дека модерните солариуми содржат заштита, докажано е дека тие се одговорни за предвременото стареење и зголемен ризик од развој на рак на кожата.
Од друга страна: Солариумот ја активира заштитната функција на кожата, па на некој начин се препорачува во пролет за да се подготвите за сонцето.
На пролет е многу важно да ја поттикнете кожата да создава свој заштитен механизам од штетните сончеви зраци. Тоа е производство на пигментот меланин, кој во исто време е одговорен за потемнување на кожата.
Поради тоа, се смета дека со одење на солариум го поттикнуваме лачењето на тој пигмент и да се создава одбрана на кожата.
“Придобивките од” УВ зраците :
Освен за постигнување на боја, УВ-зрачењето има и други важни и корисни ефекти.
УВ зраците го активираат настанувањето на витамин Д во кожата, а без тој витамин нема цврсти и здрави коски, тој влијае на формата и виталноста, го зајакнува телото, помага во борбата против стресот.
Исто така, витаминот Д ја зголемува отпорноста на кашлицата, настинката и грипот, и го зајакнува имунолошкиот систем.
Акните под влијание на УВ зраците се повлекуваат, бидејќи зраци инхибираат производството на себум во кожата.
Покрај тоа, се покажа дека УВ зраци предизвикуваат добро расположение и делуваат антидепресивно.
Правила за користење на солариум :
• Пред сончање отстранете ја целата шминка.
• Пред да одите на солариум направете пилинг за да ги отстраните сите мртви клетки од вашето тело.
• Со конзултација на стручна личност која е таму вработена одредете ја вашата минутажа под УВ зраците.
• Пред да велзете во солариумот, убаво избришете го.
• Користете наочари наменети за сончање или специјални наочари кои ќе ви бидата дадени од таму.
• Доколку почуствувате слабост во текот на сончањето, прекинете го во истиот момент.
• По сончањето, користете хидратантен крем и тој ден не се изложувајте премногу на сончева светлина
• Соначајте се повторно по 48 часа.
Штетни карактеристики на солариумот :
Поголемиот дел од луѓето кои користат солариум имаат значително зголемен ризик од рак на кожата.
Истражувањето во кои беа вклучени 4.000 луѓе покажа дека луѓето кои одат на солариум пред 35 години го зголемува ризикот од малигни меланом за 75%.
Постои вообичаена но погрешна претпоставка дека сончањето во солариум е здрав начин да се дојде до темен тен, но интензитетот на некои УВ зраци во солариум може да биде понекогаш и до 15 пати поголем и од пладневното сонцето, а сите знаеме колку е опасно пладневното сонце.
Повторна изложеност на овие УВ зрачење ја оштетува ДНК на клетките, со што се зголемува ризикот од развој на рак на кожата.
Малигниот меланом сега е најчест рак кај луѓето на возраст помеѓу 15 и 35 години, и е често фатален.
Она што некои солариуми ги прави опасни за здравјето е недостатокот на соодветно одржување, или неправилно менување на лампите и филтрите за УВ зрачење.
Кој не смее да користи солариум :
• Лицата со светол тен треба да бидат повнимателни од оние потемен тен, а времето кое го минувте во солариум треба внимателно да се прилагоди.
• Ако имате многи младежи на кожата.
• Ако сте имале рак на кожата во минатото.
• Ако некој во вашето семејство имал рак на кожа.
• Ако употребувате лекови кои ја зголемуваат осетливоста на УВ зраците.