Спирулина – Супер храна !!

Од часови по јога, духовни водичи, редовна исхрана, па се до работа од дома.
Целиот живот се трудиме да ги постигнеме целите во животот одржувајќи баланс.
Но, истиот тој баланс му е потребен и на нашето тело.
Појавата на сѐ во организмот: од обична акна па до конкретен удар на срцето може да биде предизвикано од само една појава – нарушување на балансот или pH вредноста.
За сите оние кое преспаа на часот по хемија во 7мо одделение: pH вредноста е мерка за активитетот на водородните јони во растворот, а со тоа се одредува дали средината е кисела или базна.
Во идеалниот случај, pH вредноста треба да изнесува 7.
Воспоставувањето на овој баланс на кожата, организмот општо и клетките е неопходно за да се спречи појава на заболувања, воспаленија и слично.
Лесно можете да забележите кога е нарушена pH вредноста на вашиот организам:
• Кога се постојано уморни
• Кога лесно останувате без здив
• Кога често зевате
• Кога имате болки во мускулите
Воспоставете зелен ред:
Спирулина е алга со повеќе од 100 хранливи вредности и е прогласена за суперхрана.
Спирулина содржи 60% протеини, 13% есенцијални минерали како калциум, магнезиум, натриум, калиум, фосфор, цинк и железо, како и цела група витамини и антиоксиданти.
Идеалниот начин да ја одржите рН вредноста во организмот е да консумирате Спирулина.
Модерниот човек внесува производи со голема киселост во својот организам, почнувајќи од пијалаци, месо, сирење, јајца и преработено месо.
Од оваа причина телото станува кисело (рН < 7.)
Многу медицински истражувања покажуваат дека богатиот состав на спирулината многу успешно ја контролира базната средина на организмот и го намалува ризикот од појава на разни болести.