Ако немате време да одите во сала за тренирање, обидете се да вежбате барем половина час дома со тоа ќе го намалите стресот и ќе ги потрошите вишокот калории.
Колку пати сте прочитале колку е здраво да се биде активен? Докажано е дека секоја физичка активност поттикнува одреден број на позитивни ефекти: го намалува стресот, ги зафаќа големите мускули, троши калории, ја подобрува состојбата и капацитетот на кардиоваскуларниот систем (го зголемува бројот на отчукувањата на срцето, крвта тече побрзо, а венскиот систем подобро го снабдува целото тело со кислородот). Ако припаѓате на група на луѓе кои немаат време или волја за редовно да одат во салата, за аеробик или јога, вежбајте дома барем половина час активно.
Јога, пилатес и сите комбинација на менталните и физичките вежби се препорачуваат за секој кој сака да го намали нивото на стрес, но истиот ефект се постигнува и со комбинирање на аеробни вежби 10-15 минути на ден.
И сексот ја одржува кондицијата!
- Најмалку три пати во неделата утрински секс, го подобрува срцевиот ритам и го намалува ризикот од срцев удар
- Ја подобрува циркулацијата, го одржува крвниот притисок, го зајакнува имунолошкиот систем
- Во моментот пред оргазмот телото е преполн со хормон ендорфин, кој е природен лек за болки
- Од естрогенот косата станува сјајна, а кожата е помека
- Сексот ја чисти кожата од акни и согорува повеќе калории отколку тренингот!
Спортот дома е најевтин, затоа што не ви требаат справи од продавницата за него. Мека крпа или ќебе е доволно, како и имагинативен “уред” каде што ќе вежбате – може да служи столчиња, маса и шишиња вода наместо тежини.
Загревање!
Секоја вежба започнувате ја со загревање. На пример, почнете со лесно одење во место, потоа трчајте во место и почнете со скокови. Потоа раздвижете ги сите зглобови – направете кружни или полукружни движења, по можност од вратот, рамото, до нозете. По раздвижувањето, започнете со статичко истегнување во кое треба при максималното истегнување да се држите околу 15 секунди. Нека загревањето трае од 12 до 15 минути.
Зошто е важно да се истегнува телото?
Растегнувањето е важна врска меѓу седечкиот и активниот начин на живот и ја одржува еластичноста на мускулите и помага полесно и без последици дојде до повреда од промени предизвикани од потешка физичка активност.
За цврсти колкови и задникот.
Клекнувањата се одлични за зајакнување на колковите, мускулите на грбот и бутовите. Можете да го направите на два начина, со помош на стол
За првата вежба, застанете со грб свртени до цврста столица, нозете рашрете ги во ширина на рамената и клекнувајте како да седнувате ама само до столицата и исправете се. Задржете се барем некоја секунда кога сте клекнат. Полека вратете се на почетната позиција со броење до два. Повторете ја вежбата во два сета од по десет клекнувања, со пауза од една минута. При оваа вежба телото треба да биде во исправена положба и внимавајте при спуштање колената да не ги поминат врвовите на ножните прсти.
Втората вежба е да наместо да клекнувате врз столицата, сега фатете се за наслонот на столицата и потпирајќи се на неа правете длабоки клекнувања. Повторете ја оваа вежба во два сета.
Вежбајте со музика!
Ако се фокусирате исклучиво на музика и физичка активност, ќе постигнете подобра психофизичка релаксација.