Сувото овошје одлично за здравјето !!

Сувото овошје е едноставен и практичен извор на витамини и хранливи состојки, а неговата консумација е особено важна во моментите кога брзото животно темпо одзема многу време.
Освен што е вкусно, сувото овошје е и многу здраво и претставува одличен извор на витамини и хранливи состојки, а правилниот избор може многу да му помогне на организмот.
Суви смокви – за анемија
Четири суви смокви на ден прават четвртина од дневната препорачана доза на железо кое штити од анемија.
Најдобар ефект се постигнува доколку ги јадете смоквите во комбинација со чаша сок од портокал.
Имено, витаминот Ц го подобрува врзувањето на железото кое телото го добива од растителни извори на храна.
Суви брусници – за воспаление на мочниот меур
Доколку сте склони на чести инфекции на мочниот меур, тогаш најдобро е редовно да внесувате суви брусници во секојдневната исхрана.
Имено, дури 20% од жените имаат проблем со инфекции на мочниот меур и мочните патишта.
Најновите истражувања покажаа дека две шаки суви брусници ја намалуваат „лепливоста“ на бактеријата Ешерихија коли во женската мокрача.
Суво грозје – за остеопороза
Претставува еден од најбогатите извори на бор, минерал кој докажано го намалува губењето на коскената маса кај жените во менопауза.
Минералот е откриен во 1808 година, а истражувањата покажаа дека тој е многу важен елемент за здрави коски.
Најбогати извори на бор се сојата, сувите смокви, сувото грозје, кикириките, лешниците и оревите.
Суви цреши – за гихт
Богати се со антоцијанин, антиоксиданс корисен за инфламаторните процеси во организмот, вклучувајќи ги и артритисот, гихтот и воспаленијата на мускулите по вежбање.
Неодамнешните истражувања на Универзитетот Мичиген покажаа дека сувите цреши ги намалуваат воспалителните маркери и до 50%, а препорачаната дневна доза се проценува на половина шолја суви цреши двапати дневно.
Суви сливи – за подобрување на столицата
Шест суви сливи или околу 50 грама, распоредени во две порции дневно побрзо и подобро го ублажуваат запекот отколку самите лаксативи.
Сувите сливи се богати со сорбитол кој ја привлекува водата, а тоа пак ги намалува проблемите со запекот.
Урми – за умор
Чувството на умор ја поттикнува желбата за слатко, токму затоа сувите урми се идеална алтернатива на чоколадата, бидејќи имаат низок гликемиски индекс, а тоа значи дека бавно го ослободуваат својот шеќер и подолго време го задржуваат нивото на шеќерот.
Урмите се идеална комбинација со оревите, бидејќи подолго време даваат чувство на заситеност.
Суви кајсии – за висок крвен притисок
Содржат три пати повеќе калиум од бананите и одлични се за одржување на нискиот крвен притисок, бидејќи калиумот има својства на диуретик, држејќи го волуменот на крвта на пониско ниво.
Неодамнешните истражувања на Центарот за контрола и превенција на болести во Атланта покажаа дека поголемото консумирање калиум од натриум е одлично против високиот крвен притисок и кардиоваскуларните болести.