СУРФАЊЕ СО ПАРАГЛАЈДЕР (Kitesurfing)

Kitesurfing (kite surfing) е релативно нов екстремен воден спорт во кој возачот (kiters) управува со змајот односно параглајдерот (kite) кој служи како едро, кој со помош на моќта на ветерот сурфа на даска.
Параглајдерот односно змајот е со големина од 10-12 м2, иако тоа може да биде помал од 5 м2 а поголем од 20 м2, прицврстен е за возачот преку трапез, кои обично се носи окулу половината и на себе има кука што се спојува со т.н.. пилешка јамка.
Кој возачот се наоѓа контролната полуга (бар) што е поврзана со параглајдерот преку систем на јажиња кои обично се долги 20-25 м.
Преку контролниот бар параглајдерот може да се контролира од лево и на десно и со тоа да се регулира насоката на движење, повеќето модерни параглајдери кои се користат во китсурфингот имаат таканаречена depower функција, каде што возачот со приближувањер и оддалечување на контролниот бар влијае на наклонот на параглајдерот во однос на ветрот а со тоа и на влечната сила со која што параглајдерот генерира.
Историја на kitesurfing
Иако параглајдерите се користеле да ги влечат бродовите и товарот уште од 12-ти век, историјата на kitesurfing започнува кон крајот на 20-тиот век.
Опрема за kitesurfing
• шлем
• ремен
• очила
• ракавици
• трапез
• даска за параглајдер (kiteboard)
• параглајдер (kite)
Китсурферот стои на китборд и ја користи моќта на големиот параглајдер високо на небото што го влече низ водата.
Покрај возењето со параглајдер овозможува вршење на разни акробации.
Откако ќе се издигнува во воздухот, на китсурферот му следи долг престој во воздух (hang time), а потоа спуштање со акробатски скокови.
Натпреварувања
Натпреварување во китсурфинг се одржуваат во две дисциплини
• Freestyle – проценка на трикови (висина, комплексност, впечаток, слетување)
• Hang time- судија го мери времето од кога натпреварувачот скока во воздухот до моментот кога повторно ќе ја допре површината на водата.