Таи-До наспроти Таи-Бо

Се започна кога боречките вештини од Исток почнаа да се шират на запад и стануваат се повеќе популарни и се повеќе прифатени.
Дури и тогаш, на почетокот на своето постоење во таеквондо клубовите покажа потреба за рекреативно и професионално занимавање со овој спорт.
Таеквондото поради неговата флексибилност и прилагодливост на индивидуалните потреби и барања стана основа на нови програми за вежбање кои подоцна ќе се комбинираат со аеробик и фитнес и настанува тајландски Бокс и Таи До.
Лоренцо Кабаљеро, главниот инструктор на Чунг До Кван Тае Квон До и секретар на “Британската Мау таи асоцијација”, во 1994 година го одржа првиот тренинг на таи Бо во јужен Лондон.
Таи Бо
Тајландски Бокс или Таи Бо е безконтактен систем на вежби кои ги комбинира техниките на Мау Таи (Тајландски бокс) со брзина и грациозност на Таиквондо со едноставни елементи на аеробик.
Таи До
Таи До е систем на вежби засновани на елементи на традиционалните корејски боречки вештини (Таиквондо, Taикјон). Двете вештини се вежбаат рекреативно, но може да послужат како еден вид на додаатен тренинг во други боречки вештини или други спортови како одличен и забавен кардио тренинг.
Тогаш што е суштинската разлика помеѓу овие две вештини?
Додека Таи Бо се потпира на боречки движења во аеробик кореографија во ритамот на музика и тело во естетска смисла, кај Таи До се става акцент на релаксација за време на вежбањето, правилно дишење и здраво и витално тело.
Кој може да вежба Таи Бо и Таи До?
Таи Бо е првенствено наменет за личности кои, од која било причина не сакаат да тренираат контактни боречки вештини а да уживаат во движење и музика.
Може да го вежбаат и сите оние кои сакаат да се здобијат со кондиција, да ја намалат телесната тежина или сакаат да се чувствуваат побезбедно.
Таи До може да тренираат сите кои сакаат малку повеќе да се посветат на нивните тела, да го подобрат и одржат своето здравјето и да ги научат тајните на традиционалните корејски боречки вештини.
Таи До е идеален за сите оние кои од боречките вештини бараат нешто повеќе од обичен тренинг.
Што е потребно за да се вежбаат овие вештини?
За вежбање на овие боречки вештини не треба претходно знаење или специјална опрема. Обично вежбачите се поделени во групи по возраст и со секоја група работи инструктор кој го раководи тренингот со “чекор-по-чекор” метод. Не постои систем на оценување ниту појаси.
Заклучок
Иако насловот на овој текст сугерира на конфликт или спротивставување на овие две вештини, или подобро кажано два различни системи на вежбање, исходот помеѓу овие два спорта е нерешен.
Го заслужуваат ли Таи Бо и Таи До вашето неколку часовно слободно време во неделата за да ги тренирате, одлучете сами.
Точно е дека многу луѓе низ светот ја прифатија оваа форма на рекреација, во нивните секојдневни животи и дека популарноста на овие активности е во пораст низ целиот свет. Искрено се надеваме дека оваа мала споредбата во изборот ќе ви помогне да се пронајдете во некои од овие спортови!
Orce Serafimovski liked this on Facebook.