Таи квон до

За трошење на сопствената енергиа. Оваа боречка вештина со корејско потекло, која во превод значи “ по патот на стапалото и дланката “ долго била во сенка пред да стане олимписка дисциплина, пред десетина години.
Мора да се признае дека бројката на луѓе кои се занимаат со овој спорт секавично расте, посебно меѓу децата и жените.
Децата можат да започнат со него веќе од петата година на животот.
Ова е боречки спорт што значително троши енергија, многу е сличен на карате а ударите во главно се задаваат со нозете.
Со него се добиваат добро обликувани мускули на нозете, еластичност и извонредни рефлекси.
Во психолошка смисла ја подобрува самоконтролата и ја совладува агресивноста.
Тоа е вештина која помага во прифаќањето и разбирањето на сопствените чувства.
Само под овие услови се постигнува физичка и морална рамнотежа така наречена ” tae geug “.
Слични вештини се мачување, стрелаштво и другите боречки спортови како аикидо, карате и кунг – фу.
Опрема за вас
Спортки обувки над глуждовите.
Измислена за боречките спортови и инспирирана од боксерските обувки, оваа чевла совршено го опфаќа женското стапало.
Оваа лесна и многу убава обувка ви овозможува ефикасни покрети на стaпалата … и тоа на многу отмен начин.