ТАНЦ НА ШТАНГА (ШИПКА) КАКО ВЕЖБА ЗА ТЕЛО

Танцување на шипка или ајде да го наречеме како што го нарекуваат професионалците танц на штанга е омилена форма на рекреација за неактивните мажи, но и за жените, за оние кои го практикуваат може да биде многу корисен.
Танцот на штанга е исто така една вежба која може да ја правите во приватноста на вашиот дом или во теретаната и во исто време да губите на телесната тежина, да изградите мускули и да го поправите својот изглед и здравјето.
Тоа може да го направите за да се чувствувате посигурни и посекси. Романтичен танц можете да му изведувате на вашиот партнер или сами да го изведувате.
КАРДИО ВЕЖБА
Танцување на шипка не вклучува соблекување или некое чувство на срам.
Гледајќи од професионални страна тоа е одличен начин да се дојде во форма, да го обликувате вашето тело а во исто време да се забавувате.
Еден од фактите од кои танцот на шипка претставува одлична вежба за тело е тоа што овозможува комплетен кардио тренинг.
Танцот од било каков вид го забрзува отчукувањата на срцето, особено танцот со шипка, бара акробации како свиткување, скокање потпирајќи се на шипката како потпора (како почетници се разбира дека нема да направите некои големи акробации).
Танцување со шипка е класифициран како аеробик и кардио вежба која ја подобрува циркулацијата на кислород во телото.
Ова вежба меѓу другото ја подобрува циркулацијата, го зајакнува кардиоваскуларните и респираторните мускули, како и ментално здравје.
МУСКУЛНА ВЕЖБА
Уште една предност на танцот со шипка е тоа дека делува како мускулна вежба. Значи освен што влијаат на кардиоваскуларниот систем влијае и на развојот на мускулите.
Како што се вртите и виткате окулу шипката како лост, ги истегнувате и грчите вашите мускули.
Со текот на времето, ќе се здобијат со сила, издржливост и ќе им дадете изглед на мускулите. Ретко кои вежба се ефективни, како што може да бидат аеробните и анаеробните.
НАЧИН ДА ЈА ПОПРАВИТЕ ИЛИ ИЗГРАДИТЕ ВАШАТА САМОДОВЕРБА
Танцување со шипка исто така има големо влијание на самодовербата.
Со оглед дека овој тип на танц носи малку егзотична нота, која може да му штети на угледот, можно е да почувствувате некој вид на воздржаност кога станува збор за неговите перформанси.
Но кога еднаш ќе ја испробате шипката ќе сфатите колку многу е забавно.
Вие ќе бидете горди на себе си што сте направиле нешто за што претходно сте мислеле дека не можете и ќе чувствувате повеќе самодоверба и сигурност.
Со текот на времето, како што ќе доаѓате во форма, ќе стекнете сила, потенцијално ќе губите на тежината и ќе го обликувате телото чуствувајќи се попривлечни и посигурени.
Преку учество во активност која сама по себе е малку предизвикувачка, ќе се чувствувате посекси и посигурни во своите романтични потфати делејќи ги или не со вашиот партнер.
СЕКСИ САМО ОНОЛКУ КОЛКУ САКАТЕ ДА БИДЕ
Исто така, со овој вид на танц не треба да се занимавате само за да го магепсате и заведувате партнерот.
Танцот е создаден уште во почетокот на дваесеттиот век и се правеле акробати во циркус, кои благодарение на штангата можеле полесно и поспектакуларно да ги прават скоковите, вртењата и другите акробации.
Дури подоцна на крајот на дваесеттиот век танцот на шипка станал популарнен во стриптиз клубовите.
Сепак светски познатите акробати во своите настапи и ден денес користат шипка.