ТОП 20 НАМИРНИЦИ ЗА ЗДРАВА ИСХРАНА

Познато е дека исхраната и здравјето се тесно поврзани. Некои намирници можат да помогнат во појавата на зголемен холестерол или висок притисок, други пак, можат да не заштитат од кардиоваскуларни заболувања и некои врсти на тумори.
Така што, ако сакате да живеете долго и здраво, хранете се правилно.
Еве 20 шампиони меѓу намирниците за кои стручњаците тврдат дека треба да бидат застапени во нашата исхрана што почесто.
Тоа значи дека најмалку еднаш неделно треба да се најдат на вашето мени. Зошто? Затоа што ќе ве заштитат од болести, ќе ви помогнат да останете млади и да ви осигураат дополнителна енергија.
Бел кромид
Содржи некои материи на база на сумпор кои имаат антибиотско дејство, ги шири крвните садови и спречува згрутчување на крвта.
Во комбинација со калиум, селен и витамините А и Ц, го зајакнуваат имунолошкиот систем.
Европската студија „Белиот кромид и здравјето“ потврдила дека редовно конзумирање на белиот кромидго намалува крвниот притисок и холестеролот, спречува артериосклероза и штити од тумори, посебно од тумор на цревата.
Кога купувате, бирајте главици кромид кои се тешки и цврсти, имаат сува лушпа и компактни лешњина. Не купувајте меки главици со дамки.
Морков
Го поттикнува производството на Т лимфоцитите и така го зајакнува имунолошкиот систем, штитејќи не од вируси и слободни радикали.
За сето тоа заслужен е бетакаротенот, кој изобилува во морковот.
Американската управа за храна и лекови препорачува редовно конзумирање на моркови затоа што го намалува ризикот од некои кожни болести и тумори.
Кога купувате, бирајте цврсти моркови со интензивна боја, а не оние кои имаат дамки или се засушени.
Црвен кромид
Истражувачите дошле до заклучок дека најмалку 10% од неговата тежина спаѓа на материи кои блокираат делување на разни канцерогени појави.
Покрај нив, треба да се додаде и аденозинот, кој ја разредува крвта и го намалува крвниот притисок.
Делувањето на тие материи најдобро доаѓа до израз ако црвениот кромид се јаде сиров. Кога купувате, бирајте тешки главици кои имаат сува, сјајна кора без темни дамки.
Зелена салата
Благодарејќи на високата содржина на растителни влакна кои и даваат карактеристичен горчливкаст вкус, зелената салата поттикнува исфрлување на токсините од организмот, што секако, тоа оди во полза на здрав црн дроб.
Кога купувате, бирајте главици со неоштетени листови и интензивна боја.
Зелка, карфиол, кељ, брокула
Истражувачите откриле дека особите кои често јадат, таканаречено, тревкаст зеленчук, имаат помали шанси да оболат од рак, посебно од рак на гастроинтестиналниот тракт, белите дробови и пак на дојките.
Зелката и другите тревкасти зеленчуци, содржат витамин Ц и бројни антиоксиданти кои спречуваат формирање на канцерогени појави и го блокираат делувањето на естрогенот, хормонот кој учевствува во развојот на некои врсти на тумор.
Кога купувате, бирајте главици со цврсти, сјајни и неоштетени листови.
Ореви
Редовно конзумирање на ореви (доволно е четири до пет дневно) го намалува холетеролот и спречува срцеви заболувања.
За тоа допринесува високата содржина на витамините Б, а пред се фолната киселина (Б9), која спречува таложење на масти во клетките, но и есенцијални масни киселини кои осигуруваат еластичност на крвните садови и ја разредуваат крвта.
Треба да се додаде и високата содржина на минералите (цинк и бакар) и витамин Е, еден од најефикасните антиоксиданти.
Кога купувате, бирајте тешки плодови без боја: премногу темна боја укажува дека оревите се премногу стари, а премногу светли плодови веројатно се третирани со некое хемиско средство за избелување.
Лимон
Содржи калиум, и натриум кој е одговорен за зголемениот крвен притисок.
Освен тоа, содржи драгоцени есенцијални масла (намајувајќи го холестеролот), лимонска киселина (има дезинфекциско својство) и витамин Ц (неутрализира слободни радикали и поттикнува циркулација).
Стручњаците за рак заклучиле дека сите аргуми го намалуваат ризикот од рак на усната шуплина, органите за варење, панкреасот и грлото на матката. Кога купувате, бирајте зрели плодови со сјајно- жолта кора.
Грашок
Содржи помалку растителни белковини, но повеќе витамин Ц за разлика од другите мешунки.
Богат е и со витамините Б1 И Б9 (фолна киселина), како и со растителни влакна кои ја намалуваат апсорбцијата на мастите и шеќерот и го забрзува протокот на храна низ цревата.
Кога купувате, бирајте цврсти, тешки мешунки со сјајно зелена боја; кога ќе ги прекршите, зрната треба да бидат цврсто прицврстени за мешунката.
Грав и боранија
Содржи фитоестрогени, супстанци блиски на женските хормони кои штитат од рак на дојката и дебелото црево.
Према една студија, порција боранија дневно го намалува холестеролот за 20% во рок од три недели.
За тоа залужни се влакната кои ја ограничуваат апсорбцијата на мастите и благотворно делува на цревата.
Кога купувате, ако станува збор за грав, зрното треба да биде суво и цврсто; доколку станува збор за свежа боранија, треба да биде мазна и сјајна.
Шумско овошје
Благодарејќи на заедничкото делување на флавонидото и витаминот Ц, помага на клетките да останат млади и го успорува стареењето.
Јагодите и малините не штитат од вирусни инфекции и го зајакнуваат имунолошкиот систем.
Кога купувате, бирајте здрави и зрели плодови со убава боја; избегнувајте премногу крупни и оштетени плодови.
Јаболка
Пектинот, влакно присутно првенствено во кората, ги врзува токсините и им помага на цревата да го исфрлат остатокот од сварената храна.
Благодарејќи на таквото делување, го намалува лошиот и го подига добриот холестерол.
Истражување спроведено во Германија покажало дека редовното конзумирање на ова овошје го намалува ризикот од инфаркт за 50%. Кога купувате, бирајте свежи и цврсти плодови со убава боја.
Бело месо
Нутриционистите од италијанскиот Национален институт за испитување на храната и исхраната во Рим, советуваат црвеното месо што почесто да се заменува со бело затоа што содржи помалку холестерол и заситени масти, а на организмот му осигурува квалитетни протеини, витамини од Б групата и железо.
Кога купувате, определете се за месо со контролирано потекло и ветеринарски печат.
Лековити билки
Материите изолирани од разни билки кои во кулинарството се користат како зачини и имаат слично делување како ацетил-салицилин киселината, активната состојка на аспиринот.
Тоа првенствено важи за капсаицинот од лутите пиперки и ѓумбирот, како и еугенолот од каранфилчето, супстанци кои спречуваат згрутчување на крвта и воспаленија.
Од друга страна, повеќе ароматичните билки, како што се магдонос, рузмарин и шафран, содржат супстанци кои го успоруваат процесот на стареењето. Кога купувате, проверете дали го има зачувано интензивниот мирис, без обзир дали е сув или свеж.
Ориз
Скробот од оризот полесно се вари за разлика од оној од тестенините и компирот, а обезбедува подолго чувство на ситост.
Интегралниот ориз е најздрав, затоа што изобилува со растителни влакна и други драгоцени супстанци, меѓу кои се и липонската киселина, која го ослободува црниот дроб од токсични материи и ја подобрува апсорбцијата на хранливите состојки, и гамаоританолот, кој е моќен антиоксидант.
Од минералите, изобилува со селен, структурен елемент на ензимот глутатион, кој го штити организмот од тумор.
Кога купувате, бирајте ориз во вакумски пакувања, обратете внимание на рокот на траење.
Млеко и сирење
Претставуваат најважни извори на калциум, кој во фаза на развој ја зајакнува коскената маса, а во менопаузата го намалува ризикот од остеопороза.
На тоа треба да се додаде и присуството на витамините од Б групата и фосфорот. Кога купувате, проверете го рокот на траење и бирајте производи со ниска масленост. Јогуртот се смета за природен антибиотик.
Научниците тврдат дека не штити од инфекции и тумори, првенствено од рак на дојката, белите дробови и дебелото црево.
Освен млечните ферменти, кои ги чуваат цревата, содржат и витамини А, Б и Д, како и калциум. Кога купувате, обратете внимание на рокот на траење, бидејќи со време ферментите губат на делотворноста.
Боровинки
Благодарејќи на високата содржина на бета каротенот, витаминот Ц и органските киселини го успоруваат стареењето на клетките и го чисти црниот дроб.
Освен тоа, содржи и антибакериски материи кои се делотворни против некои врсти на ешерихија коли, одговорни за цревните и уринарните инфекции.
Но, најважна функција на ова вкусно овошје лежи во нивното благотворно делување на капиларите.
Многу истражувања потврсиле дека спречува таложење на мастите на ѕидовите на крвните садови и поттикнува микроциркулација, од клучно значење за здравјето на очите и кожата.
Кога купувате, купувајте само здрави боровинки со цврста и сјајна кожа.
Маслиново масло
Освен што маслиновото масло ни осигурува драгоцени антиоксиданти (витамин Е и полифенол), има исклучително урамнотежен состав на масни киселини.
Богато е со мононезаситени масни киселини (околу 74%), кои го намалуваат лошиот холестерол, а додека е сиромашно со заситени масти (околу 16%), кои се штетни за артериите.
Затоа маслиновото масло го намалува ризикот од инфаркт и артериосклероза.
Стручњаците исто така потврдиле дека благотворно делува на конгнитивните способости, спречува дијабетес и го успорува процесот на стареење. Кога купувате, определете се за нерафинирано масло.
Црно вино
Кога купувате, барајте вино од проверено потекло. Содржи ресевратол, кој го намалува лошиот холестерол и го штити срцето и артериите.
Така се објаснува фактот дека французите, познатите љубители на виното, ретко заболуваат од срцеви заболувања, без разлика што конзумираат големи количини на путер и разни намази. Кога купувате, бирајте вино со контролирано потекло.
Лосос
Сто грама лосос може да содржи и до 1,8 грама есенцијални омега 3 масни киселини, кои ги ублажуваат штетните ефекти на заситените масти и спречуваат појава на згрутчување.
Ако јадете масна риба (покрај лососот, тука спаѓаат и туната, сардините и скушата) најмалку два до три пати неделно, ќе го намали ризикот од ревматоидниот артритис, тромбозата, мозочниот удар, инфаркт, висок крвен притисок, склероза, тумор и кожни болести.
Кога купувате, Обратете внимание месото да биде со интензивна розеникава боја, а кожата сјајна и затегната.