ТРЕНИНГ НА ПЛАЖА (SUMMER BEACH WORKOUT)

ШТО Е “SUMMER BEACH WORKOUT”?
Summer Beach Workout е програма за тренинг кои не само што ќе го исклеса вашето тело и ќе го подготви за на плажа, туку и се спроведува покрај море на отворено.
Функционална форми на тренинг кој ќе го замени здодевниот класичен тренинг во салата, многу брзо ќе ве доведе во форма и ќе ви изгради дефинирано тело со низок удел на масно ткиво.
Концептот на самиот тренинг е многу атрактивен и забавен и се состои од вежби со ” hard core ” реквизити кои од вас ке го извлечат максимумот.
Тренингот обично се прави во кружна или мобилна форма на работа, но понекогаш се присутни и други методи поради натпреварувачкиот карактер.
Summer Beach Workout е многу интензивен и ефикасен тренинг, и во голема мера ќе влијае на развојот на сила, брзина, издржливост, експлозивност, како и на развој на аеробни и анаеробни способности.
На многу брз и забавен начин ќе добиете извонредна форма и физички изглед.
ЗА КОГО Е ДОБАР “SUMMER BEACH WORKOUT”?
Спортисти:
Summer Beach Workout е идеален тренинг за општа и базична кондиција за подготовка на спортисти.
Тренинг со кетбели, бугарски торби, тракторски гуми, медицинки и други слободни тежини ќе изгради во вас чиста сила, зголемување на експлозивноста и развој на брзина и издржливост.
Ваков вид на тренинг станува се повеќе популарен поради тоа што обезбедува поголема функционалност на мускулите и полесно ги симулира движењата на мускулите во одреден спорт.
Рекреативци:
Во рекреативното вежбање, овој тип на тренинг е наменет за сите, без оглед на почетна состојба, возраста и полот.
Поради обликот на вежбањето ваков вид на тренинг има компонента на личен тренинг и учење и напредување во техниката на изведување на вежбите, многу флексибилен и индивидуален во одредување на интензитетот и обемноста, и со соодветна исхрана на секој учесник ќе го доведе до посакуваниот физички изглед.
РЕКВИЗИТИ:
Тренингот се базира на користење на слободни тежини кои во повеќето вежби истовремено ги активираат повеќето мускулни групи.
Ваков вид на тренинг ќе ви обезбеди голема потрошувачка на калории и ќе ви ја одржи и зголеми мускулната маса.
• Кетбели
• Бродски јажиња
• Бугарски вреќи
• Медицинки
• Тракторски гуми
• ТРХ
• Јажиња за прескокнување
ПРИМЕР ЗА ТРЕНИНГ:
1. Бранови со бродско јаже
2. Исчекор – скок
3. Мртво кревање (гума)
4. Свинг (кетбел)
5. Маринци
6. Склекови на медицинка
7. Сумо сквот на гума (кетбел)
8. Дупли прескокнувања (јаже за скокање)
Сите вежби се прават на следниот начин:
• 20 секунди вежбате
• 10 секунди пауза
• 20 секунди вежбате
• 10 секунди пауза
По 2 интервали на работа и одмор се менува местото на вежбање и така се додека не завршите полн круг.
По завршување на кругот следи 2 минути пауза.
Тренингот е готов кога ќе ги комплетирате 4-те круга.