Тренинг со кетбели (kettlebell) – прв дел

Кетбел или руско ѕвоно (анг. Kettlebell) е реквизит направени од леано железо кој изгледа како топка со рачка. Уште можеме да ги наречеме ѕвонасти тегови.
Во последно време се повеќе и повеќе се популаризира нивното користење заради резултатите кои ги даваат по нивната употреба.
Се користат во спортот во рамките на кондиционите припреми, но исто така и рекреативците ги користат за да ја подобрат нивната сила и изглед.
Познатите личности ги користат на тренинг како Пенелопе Круз, која придонесе за употреба во тренинзите и на другите жени.
На интернет може да се најдат голем бројот на книги и ДВД-а кои ја обработуваат оваа тема.
Постојат се поголем број на организации и експерти, кои се спроведуваат разни семинари, каде што може да се постане инструктор за тренинг со кетбели.
Спортот кревање кетбели претставува дел од националната руската култура. Борачите и снагаторите во минатото го припишуваа својот успех на употреба на кетбели во нивните тренинзи.
Првиот натпревар во кревање на кетбели беше 1948 година, а од 1974 година кревање кетбели се смета во поранешниот Советски Сојуз како етнички спорт. Во 1985 години се одржа првиот национален шампионат во кревање кетбели.
Натпреварот се одржува во две дисциплини: кревање, зголемување и намалување со кетбели. Целта била да се направат што повеќе повторувања со одредена тежина.
Оригинални мерки за руските кетбели е во “pud или Pood” (руска мерка) и е околу 16 кг (16,38 поточно) односно 36 фунти (36.11 поточно).
“Pood” се merni единици за мерење на тежината vo старiot руски систем за мерење, и за прв пат се споменува во 12 век. Како мерна единица престанала да се користи 1924 години.
Кетбелите се произведени во три различни големини: еден pood, еден и пол и два pood.
Немаше потреба да се произведат потешки кетбели бидејќи целта на спортот бил што повеќе пати да се подигне кетбелот. Натпреварот беше показател за мускулната издржливост.
Придобивките од тренинг со кетбели
Направени се различни студии, во кои целта беше да се утврди ефикасноста од користење на кетбели во тренингот.
Еден од студиите спроведена од страна на “Voropayev” докажала оправданост за употребата на кетбелите и предност над другите реквизити и тренинг технологии.
Две групи на испитаници се набљудувани во тренинзите неколку години.
Една група по стандардниот стандарден воен режим и ги правела следните вежби: згибови, спринт на 100 метри, скок во далечина и трчање на еден километар.
Друга групаво своите тренинзи вежбала со кетбели. На крајот од експериментот и двете групи биле тестирани по стандарден воен режим.
Резултатите покажале дека групата која користела кетбели имала подобри резултати во секој тест, иако не тренирале вежба и движење за разлика од другата група.
Предности од тренинг со кетбели се: подлактиците се пооптеретени поради начинот и формата на рачката, дополнително се вклучуваат стабилизатори заради тоа што мора да се одржува контролата, дава добар ефект за подобрување на координацијата на комплексноста на движењата, можноста за подобрување на експлозивната сила и издржливост, добар трансфер на спортски перформанси, интересно за вежбачите (особено рекреативците).