Тропски Утрински шејк

Ви го препорачуваме овој тропски шејк наместо појадок. Полн со витамини и минерали.
СОСТАВ
6 супени лажици грчки јогурт
1/2 чаша свежо или замрзнато манго исецкано на парчиња
1/2 чаша свеж ананас исецкан на парчиња
1 замрзната банана исецкана на парчиња
2 супени лажици ленено семе
вода по потреба
ПОДГОТОВКА
Сите состојки ќе ги вметнете во блендер, блендирате неколку секунди и вашето смути е готово !!
НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ
368 калории
22 гр протеини
60 гр јаглени хидрати
масти 7 гр (0.9 гр заситени)
9 гр влакна.