Фитнес пита со јаболка

Потребно:
– 10 белки
– 500 гр посно сирење
– Цимет
– 2 јаболка
– стевиа или слично како засладувач

Начин на подготовка:
Белките се матат во снегот, се додава половина килограм посно сирење и сето тоа се меша.Две јаболка се рендаат и се додава во смесата, се додава цимет и стевиа по желба.Смесата се истура во сад за печење обложен со хартија за печење и се пече на 200 C за 30-40 минути.
Сето ова заедно има околу 100 грама протеини, околу 50 грама јаглени хидрати, 5-10 грама масти.