Флутер удар (The flutter kick) – Вежба за стомачните мускули

Флутер ударот е популарна и заедничка вежба за сите стомачни мускули; пливачите се најблизу со Флутер ударот кога пливаат грбно.
Оваа вежба првенствено се користи стомачните мускули (rectus abdominis) и за бутните предни мускули (rectus femoris).
Тука исто така се опфатени и сите странични стомачни мускули (obliques), надворешни и внатрешни.
Позиција:
1. Легнете на грб со рацете спуштени покрај вашите страни лево и десно.
2. Стегнете ги стомачните мускули, бидете сигурни дека вашиот долен дел на грбот го допира подот, да нема простор помеѓу вашиот долен дел на грбот и подот.
3. Подигнете вашите рамена 10 см од подот.
4. Кренете ги нозете 30 см над земјата, грбот да ви биде фиксиран за подот, рацете под долниот дел на грбот односно над задникот.
5. Правите движења со нозете горе-долу (flutter kick) окулу 60 секунди.
Прашање: Што се случува ако чувствувам поголем притисок во нозете и хип флексорите отколку во стомачните мускули?
Одговор: Ако чуствувате поголемо оптоварување во вашите нозе и во хип флексорите отколку во вашите стомачни мускули – тоа би можело да биде бидејќи долниот дел на грбот не ви е правилно поставен, проверете ја вашата положба на телото.