Хулахоп – забавна замена за пилатес и јога

Дали сакате брзо и лесно да ги зајакнете мускулите на трупот, а пилатесот и јогата веќе ви се здодевни, зошто не размислите за хулахоп.
Да, истиот пластичниот хулахоп со кои бескрајно се забавувавте повеќе од десет години и е фантастичен уред за вежбање.
Хулахопот е многу ефикасен во обликувањето на половината, колковите и бутовите, изградба на мускулите на стомакот и долниот дел на грбот, а може да послужи и како кардио вежба.
Ги зајакнува мускулите на торзото – стомакот, грбот, карлицата и колковите, го зајакнува и ‘рбетот, со примена на хулахопот ќе ја поправите и рамнотежата, држењето и движењето – се со едноставниот хулахоп.
Додека мускулите на стомакот со децении се цел на многу вежби, концептот на работа на сите мускули на телото е релативно нов за повеќето луѓе.
Многу од овие мускули не се видливи, туку се скриени зад другите мускули, но играат важна улога во правилното држење на телото.
Овие мускули работат заедно за да ви дадат стабилност и убави движења при одење. Со стомачните мускули ќе го опфатите стомакот, но многу од мускулите на трупот ќе останат заборавени.
Од друга страна, кружните движења со хулахопот влијаат на сите мускули, вклучувајќи ги и оние востомакот, грбот, карлицата, колковите и половината.
Основи на хулахопот
Едноставниот обрач на хулахопот за малку пари можете да го купите во многу продавници за играчки.
Сепак, иако сте почетник, би можело да биде мудро веднаш да инвестира во специјализираниот обрач за вежбање и така себе си да си заштедите време и непотребни фрустрации.
Проблемот со хулахоп-обрачот што ќе го најдете на секој чекор е дека повеќето се направени за деца и за нив се димензионирани.
Вистинската мерка на големината за хулахоп за вас може да се добие ако го потпрете хулахопот на вашето тело – треба да ви достигне под папокот.
Обрачите со поголем дијаметар поспоро се вртат и затоа е полесно да се задржат во движење.
За почетници поголем обрач е подобро, а кога ќе ја усовршеите техниката со помал дијаметар, ќе ви обезбеди подобра вежба, бидејќи ќе треба да се движите брзо за да го задржите во воздухот.
Кога ќе набавите обрач по мерка, потсетете се на детството. Ставете го околу половината, држете го со двете раце со благо одделени стапала малку повеќе од ширината од колковите, но држете една нога пред другата.
Обрачот движете го така што да не го допрете едниот колк, завртете го и почнете да се движите. Префрлувајте ја тежина од една нога на друга нишајќи се со колковите напред-назад.
Движењата треба да бидат усогласени, така што со колковите благо да удирате во обрачот одржувајќи го така во движење.
Почетниците често се обидуваат да се движат кружно, заедно со хулахопот, што е многу потешко. Многу подобро ќе ви оди ако се движите напред-назад со само мало движење со кое го гурате хулахопот.
Може да звучи комплицирано, но не е – обидете се.
Вежбајте со тежок хулахоп
Хулахопите се сè повеќе и повеќе популарни и лесно достапни. Може да се купат во подобро опремени продавници за спортска опрема или онлајн да ги нарачате.
Тешките хулахоп за вежбање се продаваат во различни големини, тежини и бои.
Кога се користи хулахопот, ќе мора да обрнете внимание на времетраењето на вежбата, бидејќи тие се толку ефективни што нема ни да забележите дека сте претерале.
За почеток, треба полека да го зајакнете трупот, вежбајќи само неколку минути на ден.
Танц со хулахоп (Hoop Dancing)
Во последно време, хулахопот станува се повеќе и повеќе популарен.
Ѕвездите како што се Бијонсе и Шакира ја промовираа неговата предност потврдувајќи ја ефективноста со нивните извонредни фигури.
Танц хулахоп можете и дома, само пуштете некоја музика и фатете ритам.
Не заборавајте да се загреете пред танцот и да се истегнете на крајот, особено бидејќи на овој начин сериозно ќе вежбате.