ЦРВЕН ГРАВ И КАФЕАВ ОРИЗ

Протеинот не е само во месото и јајцата! Доколку ви е доста од овие намирници, еве одличен предлог за протеинско-витаминска бомба во чинија!
Црвениот грав и кафеавиот ориз се многу здрава храна. Некои студии покажуваат дека позитивно делуваат на превенција од тумори, дијабетес, срцеви заболувања!
Богат со протеини, влакна, витамин Б12, магнезиум и калиум, црвениот грав е навистина одличен.
Во Европа пристигна од Америка заедно со компири и пченка во 16 век. Иако долго време е на нашите трпези, неодамна го доби целосното внимание што го заслужува поради се поголемата популарност на здравата исхрана. Навистина можеме да кажеме дека е суперхрана бидејќи гравот содржи влакна, протеини и антиоксиданси во едно. Токму поради споменатите вредности гравот позитивно влијае на нашето здравје.
Јадењето црвен грав може да помогне во спречување на рак на дебелото црево и срцеви заболувања, намалување на холестеролот и стабилизирање на шеќерот во крвта. Поради нискиот гликемиски индекс и сложените јаглехидрати кои полека се разградуваат, тој е добар за здравјето на дигестивниот систем. Фолната киселина од црвениот грав помага да се спречат некои вродени дефекти кај фетусот.
Вегетаријанци, внимавајте: гравот е одличен извор на протеини од растително потекло! Сепак, содржи само некои од осумте есенцијални аминокиселини кои му се потребни на телото и кои не можат да ги произведе самостојно. Значи треба да се јаде заедно со некоја храна што ја надополнува, на пр. со ориз, така што телото ги добива сите потребни протеини. Ако го комбинирате со кафеав ориз, можете да направите одличен протеински оброк кој ги содржи сите амино киселини потребни за добра исхрана.
Кафеавиот ориз, од друга страна, е цело зрно и е богат со магнезиум и влакна. Доколку сакате да започнете правилна исхрана, тоа е апсолутно вистинскиот избор. Тој е добар извор на селен и манган. Селенот го намалува ризикот од срцеви заболувања и артритис. Само една шолја кафеав ориз обезбедува 80% од дневните потреби на манган, кој ги подобрува нервните и репродуктивните системи. Витаминот Б3 го штити кардиоваскуларниот и гастроинтестиналниот систем.
Благодарение на нискиот гликемиски индекс, може да помогне во лекувањето на кандида. Особено се препорачува за жени во постменопауза со висок холестерол, крвен притисок или знаци на кардиоваскуларни болести.
Оризот и гравот се прифатлива и лесно достапна храна. Кога се јадат заедно, тие формираат целосен протеин. Протеинот е „целосен“ ако содржи одреден сооднос од сите девет есенцијални амино киселини (оние кои нашето тело не може да ги создаде и мора да се консумираат).
Шолја црвен грав со половина чаша кафеав ориз обезбедува 327 калории, 1 g масти, 42,5 g јаглени хидрати, 18 g влакна и 18,5 g протеини за градење мускули.