Честата промена на телесната тежина е опаснa по вашето здравје!

ШТО Е ТОА ЈОЈО ЕФЕКТ?
Голем број луѓе се обиделе да го симнат вишокот килограми со сите диети за кои слушнале и успеале да го намалат вишокот киолограми но тие се враќале набрзo по престанувањето со одредениот начин на исхрана.
Некои тврдат дека тоа им се случува постојано во текот на долг период кај неки дури и цели 20 години.
Магичниот круг на намалување на вишокот килограми и нивно повторно зголемување или добивање на уште поголема тежина, се нарекува јојо ефект.
Oва постојано намалување и зголемување килограми несомнено има негативен ефект на здравјето, може да го намали имунитетот и да го зголеми ризикот од зголемување на крвниот притисок.
Експертите отсекогаш се сомневале дека со постојано намалување и зголемување на килограмите се оштетува механизмот кој ја контролира телесната тежина.
Во една голема студија која опфаќала голем број жени, утврдено е дека 965 жени кои долго време држеле диети и поторно ја надокнадувале тежината имале поголем вишок на килограми од оние кои нагло не ја менувале тежината.
Исто така жените кои со диета успе-вале да намалат 9 кг. три пати во текот на последните 5 години, во просек добиле 4.7 килограми повеќе отколку што имале порано.
Овие резултати ги потврдиле сомневањата дека луѓето кои ги губат килограмите со диета и повторно ги надокнадуваат завршуваат со поголем број несакани килограми од кога започнувале со диета.
Јојо ефектот и хипертензијата
Во една студија во која учествувале повеќе од 1200 луѓе се открило дека оние кои имале вишок килограми и варирање на телесната тежина имаат многу поголем ризик од појава на висок притисок.
Друга студија покажала дека луѓето кои имале периоди на губење и надокнадување на телесната тежина со време ја изгубиле способноста да го намалат високиот крвен притисок со начинот на исхрана.
Утврдено е дека варирањето на тежината не го зголемува ризикот од дијабетис или ризикот од зачестена појава на срцеви заболувања.
Зошто се јавува јојо ефект?
На ова прашање не постои соодветен oдговoр, сe смета дека постојат фактори кои го отежнуваат одржувањето на телесната тежина.
Испитувани се многу фактори, како што се развивање отпорност на инсулин, лошо регулирање на енергијата, гените, но се уште не постојат соодветни одговори.