Чудни фитнес трикови на познатите личности

На премиери на филмови и други социјални настани тие обично изгледаат совршено, но дали некогаш сте се запрашале како изглед го одржуваат познатите дами во шоу-бизнисот?
Одговорот е тука!
Ким Кардашијан пронајде совршен начин кои ја мотивира во раните утрински часови за вежбање.
“Дали е чудно ако спијам во тренерки за да се натерам себе си да станувам во шест часот наутро и да почнам да вежбам?
Тоа ме тера на акција и ми заштедува време “, напиша таа неодамна на својот профил на Твитер.
Без разлика на тоа колку е чудно се чини дека и помогна, Ким неодамна заврши на насловната страница на ОК! Каде што се претстави со минус 18 килограми.
Пејачката Кети Пери останува тенка однесувајќи се како ученичка. “Го мразам вежбањето, но затоа го сакам скокањето на јаже. Овде постои ритам, тоа е како танц.
Можат да прескокнувам двојно и во крст. Изгледам како Роки кога скокам јаже “, вели Кети, која очигледно знае дека една жена од 59 килограми со скокање преку јаже може да изгуби 350 калории.
Актерката и пејачка Џесика Симпсон практикува стомачен танц. Неодамна на Твитер објави дека нејзин личен тренер Мајк Александар често и вели да се “спушта надолу како да танцуваат во клуб” за да ги активира мускулите.
За да го втурне вежбањето во тесниот распоред, Мишел Обама станува во 5:30 наутро и вежба во друштво на нејзиниот сопруг Барак Обама во приватната теретана во Белата куќа.
Првата дама, кој има заработено многу комплименти во име насвоите исклесани раце, тврди дека во вежбањето не е толку упорна како нејзиниот сопруг.
“Јас можам да го прескокнам вежбањето но тој не може”, таа признава за магазинот PEOPLE.
Заборавете на чоколадото бидејќи омилена закуска на Мараја Кери е артичоката. Покрај тоа што е богата со растителни влакна, кои се неопходни за телото, артичоката остава чувство на ситист без да се прејадувате од неа.
Повеќето од нас внесуваат само половина од препорачанаите 25 грама растителни влакна, па јадењето артичока која содржи 9 грама по парче, може да го намали вашиот внес на калории од 100 на ден и ќе биде корисно дури и за вашето здравје.
Најсекси актерката на нашето време Меган Фокс откри дека е “навистина голем сладокусец” бидејќи пие јаболков оцет измешан со вода.
“Тоа ви овозможува да го прочистите целиот систем” вели актерката, а нејзиното мислење и практика ја дели и пејачката Ферги.
Наместо да ги брои стомачните Бијонсе има различен пристап консвоите вежби. “Се пуштам песна што ми е навистина убава и целото траење на песната кревам тежини од три килограми”, изјави таа за списанието SELF.
Актерката Камерон Дијаз по будењето и пред да оди на сурфање јаде порција пилешко.
“Тоа е најдобриот појадок во светот”, рече Дијаз бранејќи го својот протеински начин за почеток на денот.