Шејкови за после тренинг

Го одработивте вашиот дневен тренинг! Вашата физичка активност не е комплетна ако не изедете нешто после тоа.
Шејкови или напитоци (анг.smoothies) се погодни за спремање и пиење по тренингот, лесно сварливи и лесен начин да ги внесете потребните протеини за изградба на мускулите, јаглени хидрати за да го надокнадите гликогенот и антиоксиданси да се справат со инфекции.
Совршен шејк за после тренинг треба да содржи 15-20g протеини, а остатокот треба да бидат јаглехидрати и не заборавајте мала количина на масти.
Започнете со порција од `зеленило` или друг зеленчук, а потоа додадете овошје, извори на протеини (јогурт, тофу сирење, протеин од сурутка) и течности во форма на кокосова вода, сок, или бадемово млеко.
Во блендерот додадете повеќе мраз и додатоци во исхраната како што се семе од чиа, ѓумбир и куркума. Испијте го Шеикот 30 до 60 минути по вежбањето.
ШЕЈК ОД ЦВЕКЛО
• 1 чаша јогурт
• 1/2 чаша свежи или замрзнати рибизли
• 1/2 цвекло со средна големина
• 1 мала свежа краставица
• 1 парче целер
• неколку листови кељ
• 1 портокал или половина чаша исцеден сок од портокал
• 1 лажица мед
Нутритивни вредности (по чаша): 332 калории, 18 гр протеини, 53 гр јаглени хидрати, 9 гр влакна, 34 гр шеќер, 8 гр масти, 1 гр заситени масти, 105 мг натриум.
ШУМСКИ ШЕЈК
• 2 лажици соја протеин во прав
• 1 чаша безмасно млеко
• 1/2 свежа банана
• 3/4 чаши замрзнати шумски плодови
Нутритивни вредности (по чаша): 368 калории, 29 г протеини, 56 г јаглени хидрати , 5 г влакна, 42 г шеќер, 4 г масти, 1.5 г заситени масти, 292 мг натриум.
Се надеваме дека до одреден степен ви помогнавме во изборот на соодветни Шеикови после тренинг, и ќе уживате во тренингот и во оброк по тренингот.