Шејк диета со интегрален ориз

Диетата за која станува збор на оваа страница не е Ideal ProteinDiet која се темели на протеински шејкови и навлегување во кетоза туку станува збор за Интегрален ориз шејк диета каде за подготовка на шејковите се користи интегрален ориз и на здрав начин ќе намалите 4кг за 5 дена.
Како здраво да ослабнете 4 кг за 5 дена !
Дали ви е потребно брзо пролетно чистење, намалување на неколку вишок килограми и при тоа помош во јакнењето на органите за варење и црниот дроб?
А заедно со сето тоа,подготовката на оброците да не ви одзема повеќе од неколку минути, да е крајно едноставна и секако да не ве чини многу пари.
Долколку одговорот е ДА тогаш за вас е диетата со шејкови која на брз и ефикасен начин ќе ви помогне за само неколку дена да се чувствувате полесно, посвежо и кожата да ви добие младешки сјај.
Одлична диета пред значајни настани и летувања во кои треба да покажете дека сте во форма без вообичаениот „уморен“ изглед кои го оставаат другите диети.
Запознајте ја Шејк диета со интегрален ориз
Главна состојка на оваа диета е интегралниот ориз и тој се конзумира во вид на оризово млеко кое се комбинира со други намирници (главно овошје и зеленчук).
Вакви комбинации даваат лесно сварлив оброк кој е сепак заситлив и организмот го снабдува со сите нутритиви, а истовремено остава простор да направи „поправка“ каде што е неопходно и да намали дел од вишокот на килограми.
Диетата се држи пет дена и во тој период можно е да се изгубат до 4 килограми и тоа без гладување. После пауза од пет дена – диетата може да се повтори.
Доколку правите пауза помеѓу два циклуси на диета – водете сметка оброците во тој меѓупериод да ви бидат помали отколку пред диетата и избегнувајте шеќер и масна храна.
Причината за ова предупредување е едноставна : после пет дена диета вашиот организам – верувале или не – не е подготвен повторно да прима прости шеќери и маснотии во количини во кои сте ги внесувале пред диетата па може и бурно да реагира ( почести посети на тоалетот, блага мачнина и сл.)
План за Шејк диетата со интегрален ориз
Сите оброци се исти за сите 5 дена на диетата.
Задолжителни се 4 шејка дневно а ваш избор е дали ќе бидат од овошје, зеленчук или основни. Сепак шејкот од зеленчук е задолжителен еднаш дневно.
Дополнителни информации:
– Овошните/зеленчуковите шејкови би требало да се пијат веднаш по подготовката, додека основниот може да стои и до 8 часови во посебен сад (термос).
– Доколку сте вработени основниот шејк ви е иделано решение бидејќи можете да го ставите во термос и да го испиете според распоредот.
– Количината која ќе ја испиете не е точно одредена – најдобро е првиот ден малку да експериментирате бидејќи желбата за храна зависи од вашите предходни прехрамбени навики,тежината и чувството на глад.
– Ако при подготовката користите замрзнат зеленчук/овошје предходно одмрзнете го бидејќи шејкот при конзумирањето треба да биде пријатно топол никако ладен.
Пример на распоред на шејковите за еден ден:
1. Утрински шејк (се пие во периодот 7 – 9 часот)
Шејк од овошје
Начин на подготовка: Направете шејк од 1/2 литри оризово млеко и 80 гр со едно од следните овошја (свежо или смрзнато): јагоди, капини, малини, вишни, цреши.
2. Пладневен шејк (се конзумира во периодот помеѓу 12 – 14 часот)
Шејк од зеленчук
Начин на подготовка : Исто како и овошниот шејк само што се користи зеленчук по избор и тоа до 80 гр: парени цветови од брокули, парен морков, парена блитва или спанаќ.
Доколку користите блитва и спанаќ додадете сок од четвртина лимон за да ја неутрализира оксалната киселина које ја содржи овој зеленчук.
3. Попладневен шејк (се конзумира во периодот помеѓу 16 – 18 часот )
Исто како и за ручек со тоа што може да додатете патлиџан или 100 мл пасиран патлиџан.
4. Вечерен шејк (се конзумира во периодот помеѓу 19 и 21 часот):
Шејк од оризово млеко и 1 банана
Никако немојте да заборавите –на оваа диета никогаш не би требало да бидете гладни.
Доколку почуствувате глад – тука секогаш е основниот шејк кој што може да го пиете во неограничени количини.
Како се прави млеко од интегрален ориз?
Потребно е :
1 шоља интегрален ориз
20 шољи вода
Исчистениот и измиен ориз пропржете го во сува тава додека не добие златно-темна боја.
Мешајте често со дрвена лажица за да не загори. Ставете го во соодветен сад (лонец), додајте вода и на врвот на ножот сол.
Варете го два часа и процедете го низ поголемо парче газа. Добивте оризово млеко и тоа е основа за сите шејкови.
Доколку користите експрес лонец за да добиете оризово млеко намалете ја должината на варењето (кога ќе порасне притисокот) на еден час и количината на вода се намалува на 10 шољи.
Млекото може да стои до 3 дена во фрижидер.
Основен шејк
Ставете половина литар млеко во блендерот, додајте лажица јачменов слад (или мед) и сето тоа мешајте го 60 секунди или додека да стане пенасто.
Доколку не сте љубител на слатко – тогаш доволно е наместо слад или мед да додадете третина лажичка цимет и повторете ја истата постапка.
Ванила во прав е исто така одличен избор.
Шејк со овошје / зеленчук
Слична постапка како и со основниот шеик само што има додатни напомени:
– Количината на овошје/зеленчук е максимално 1/6 од количината на млеко ( значи, на половина литар млеко може да додадете најмногу 80 гр јагоди).
– Зеленчукот можете да го направите неколку минути пред ставање во блендер и можете да го посолите по вкус.
– Доколку масата е многу густа – слободно додајте чиста вода но не повеќе од 2 дцл
– Шејкот секогаш треба да е пенаст и да нема делови од овошјето/зеленчукот во себе.
– Шејкот треба да биде вкусен. Затоа зачинете го со сол, пипер и ароматични тревки.
Избегнувајте готови подобрувачи на вкусот!